500x100-1
09. 10. 2019 11:34

Мартинијан Кириловски ќе го отвори „Макфест“

Мартинијан Кириловски ќе го отвори „Макфест“

Музичкиот фестивал „Макфест“, која ќе се одржи  утре во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, ќе отвори  кумановецот Мартинијан Кириловски.

Кириловски ќе настапи првата вечер со песната „Стопати на ден“, чија музика и текст се направени од Ристо Самарџиев, а е во аранжман на Или Спасев.

На ова 34 издание од фестивалот, изведувачите ќе настапуваат три дена, односно на 10, 11 и 12 октомври.