500x100-1
01. 09. 2019 20:18

Што треба да знаете за почетокот на училишната година на вашето дете

Што треба да знаете за почетокот на училишната година на вашето дете

Тргнувањето на училиште претставува стрес за секое дете. Добрата психичка подготвеност ќе му помогне полесно да се справи со училишните предизвици.

 Со почетокот на училиштето детето добива многу нови одговорности и важно е да му помогнеме да се организира, да усвои работни навики и да стане што е можно понезависно.

* Започнете со создавање на навика за здрав сон кај детето (барем една недела порано)

Не му дозволувајте на вашето дете да си легнува доцна навечер, затоа што ќе има потешкотии со станувањето рано наутро, кога треба да оди на училиште.

* Потсетете го детето на работите кои треба да се прават по училиштето

Доколку во вашиот дом, претходно било договорено детето откако ќе дојде од училиштето, да се измие, пресоблече, јаде, а потоа да ја пишува неговата домашна работа, потсетете го за истото. Потсетете го дека неговото време за играње во текот на работната недела ќе биде намалено, затоа што на тој начин полесно ќе ја прифати промената со која ќе се соочи.

* Подгответе го училишниот прибор, пред да започне со школската година

Доколку не знате што се` ќе му е потребно на детето за новата школска година, тогаш исконтактирајте се со неговите професори. Со самата тоа што ќе го спремите детето со потребниот прибор, ќе му дадете до знаење дека неговите „обврски“ започнуваат. Исто така, се препорачува и школскиот прибор да биде разнобоен, за психолошката рамнотежа која му е потребна на детето при преминување од играта во клупата.

* Вратете ја навиката за читање

Иако никое дете не сака вие да му кажувате кога треба да чита, доколку во текот на распустот нема читано ништо, тогаш е препорачливо една недела пред да трегне на училиштето да му се купи некоја книга или земе од библиотеката. Треба да се поразговара со него секој ден да чита, барем по една „глава" од лектирата.

* Поразговарајте со вашето дете

Нормалнио е детето да се чувствува анксиозно пред да започне со училиштето, затоа поразговарајте со него и видете дали има нешто кое го загрижува, за да можете да му помогнете.

* Одделете еден ден од неделата кој ќе биде слободен ден за него

Недела-две пред детето да тргне на училиште, се препорачува да му се даваат обврски, но еден ден од неделата да му се даде само за одмор, за детето да се навикне дека ќе има слободен ден во кој ќе може да излезе надвор од домот и да ужива во „неговото слободно време“.

* Ограничете го времето кое го поминува пред копјутерот или мобилниот телефон

Доколку направите вакво ограничување-пред детето да тргне на учиилиште, тогаш неговата навика за повеќе часовно седење пред екранот ќе се намали и детето нема толку лесно да ја губи концентрацијата, кога ќе гии решава своите домашни задачи.

* Организирајте го и вашиот дом за школската година

Пред детето да тргне на училиште, неопходно е да му се направи „училишно катче", во неговиот дом, за да му се покаже на детето дека училиштето не е нешто „туѓо". Воедно, и да има кај да си ги остава своите работи по завршувањето на училиштето, да ја пишува домашната задача, да чита и учи.

Во овој процес, многу е важно на детето да му помогнете да научи како да го испланира своето време (кога да учи и како да ги распоредува задачите) и како активно да учи, без одложување и избегнување на задачите.