×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Студентите да се пријават за “Патуваме во Европа 2015“

    04.06.2015 14:51 | KumanovoNews

    До крајот на јули апсолвентите или запишаните на постдипломски студии во прва година помлади од 26 години, можат да се пријават за пат во Европа на истоимената веб страница.

    Студентите да се пријават за “Патуваме во Европа 2015“

    Услов е да имаат просек повисок од 8 за време на студрањето и да познаваат странски јазици. МОСТ ќе направи бодување на апликациите при што ќе се ценат успехот, редовноста на студиите, можноста за патувања, познавањето јазици и друго. Апликациите ќе бидат рангирани во листа од 30 најдобри. Овие 30 студенти ќе бидат поканети на интервју.

    Ова лето, 12 студенти од Македонија ќе добијат 3 дена во Берлин, интер-раил карта за патување со воз до сите дестинации во ЕУ и џепарлак за да поминат незаборавни 30 дена запознавајќи било која земја и било кој град во Европа. На својот пат во Европа тие ќе имаат обврска да поднесат и да поделат брошури  од Македонија.