×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден краток видео клип претставен како ,,целиот здравствениот систем”

    02.07.2020 21:19 | KumanovoNews

    Пишува: Соња Рилковска

    Рецензираме вест  објавена на штипската ТВ Стар под наслов „Клип за македонското здравство“. Веста поткрепена со аматерско видео е објавена на Фејсбук страната на ТВ Стар вчера (01 јули)  во 17 часот.

    Еден краток видео клип претставен како ,,целиот здравствениот систем”

    Уште во самиот наслов  авторот се обидува да го критикува здравствениот систем во земјава. Со насловот на објавеното видео, на кое се гледа дека поради дефект медицинските лица гo туркаат амбулантното возило, Тв Стар се подбива и го оцрнува целиот здравствен систем.

    Веста  со која авторот се обидува да се измејува и да го навредува здравството во земјава е опишана само со две реченици:

    Кратко видео кружи по социјалните мрежи ширум Балканот и Европа за состојбата и ефикасноста на македонското здравство. Како персоналот се бори што побргу да се стигне до местото каде што е потребна итна медицинска помош.

    Објавата се коси со професионалните новинарски стандарди, кои секоја ТВ куќа и секој медиум се должни да ги почитуваат. Новинарот не ги одговора најважните прашања: каде, односно во кој град  и кога е снимено видеото? Едни велат во Штип, други во Велес… По кратко истражување откривме дека видеото е снимено во општина Кочани, истото е објавено пред десетина дена на инстраграм и фејсбук. Кога се случил настанот, т.е.  дефектот на возилото на Итната  медицинска помош, не е познато.

    Можеби станува збор за постара снимка, која сега во изборна кампања се злоупотребува за да се оцрнува здравствениот систем во земјава. Не е познат авторот на видеото, ниту лицето кое го објавило по социјалните мрежи.

    Еден дефект на возило на Итна медицинска помош никако не може да биде – Клип на македонското здравство. Не е наведено каде точно видеото кружи ,,низ Европа и низ Балканот”.