Мени

Биенална изложба „Кумановски графичари 2026“ во Центарот за култура

26.11.2026 09:17 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово, утре во 19.30 часот, ќе биде отворена биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2026“. 

 

Биенална изложба „Кумановски графичари 2026“ во Центарот за култура

Изложбата се состои од 24 графики работени во повеќе графички техники и се дел од најновата продукција на учесниците.

„Оваа година учество зедоа 12 графичари од повеќе генерации. И оваа година се чувствува силниот наплив на графики работени во техниката дигитален печат, но сè уште има автори кои преферираат класични графички техники“, вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

На изложбата учествуваат академски графичари од Куманово: Зоран Јакимовски, Акиме Насуфи Реџепи, Валентина Илијевска, Мухамедали Алили - Дали, Ања Стојадиновска, Стефан Анчевски, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Стефан Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Милена Арсовска и Методија Стојановски. 

Ова е единаесеттото издание на биеналната графичка изложба “Кумановски графичари 2026“, која започна во 2003 година.

Изложбата ќе биде поставена до 20 декември 2026 година.