×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Една дива депонија не може политички да го оцрнува Охрид

    20.07.2020 12:10 | KumanovoNews

     Пишува Соња Рилковска

    Една дива депонија не може политички да го оцрнува Охрид

    Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24 на 18.јули 2020, под наслов „(ФОТО) Тажни слики од Охрид: Неспособност и башибозук на СДСМ“.

    Насловот сугерира дека објавените фотографии се тажни, и тие се повод да упатат коментари од типот „неспособност и безредие“ кон СДСМ како владејачка партија на локално ниво.

    Целиот текст, во суштина е фејсбук статус на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО ДПМНЕ, којшто порталот го пренесува. Градоначалникот е обвинет за неподигнатиот градежен шут, што се гледа на три фотографии. Дури и се тврди дека отпадот стои со месеци.

    Како тргнале СДСМ тешко дека ќе го задржат статусот на Охрид во УНЕСКО..Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски презентира тотална пасивност и незаинтересираност за состојбата во која се наоѓа општината.Во сред туристичка сезона купови на градежен шут со месеци стои покрај самото езеро. Некогашната градска плажа СДСМ ја претвори во градска депонија.Константин Георгиевски – уште еден неспособен кадар на СДСМ, се вели во текстот на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

    Вистиномер открива дека фотографиите се направени на потегот Далјан – Грашница, локација позната како дива депонија на несовесните жители од истата населба. Според надлежните, екипите на јавното комунално претрпијатие работат во три смени, постојано се на терен, но секојднено на различни локации никнуваат нови диви депонии.

    Една локација со отпад не смее и не може да се поврзува со статусот на УНЕСКО, особено кога се знае дека токму оваа локална гарнитура речиси една година презема конкретни мерки и активности за Охрид да го зачува брендот на светско природно и културно наследство.

    Порталот кој ја пренесува веста, потполно непрофесионално го прави тоа, пренесувајќи го ФБ статусот на партиската комисија. Не се обиделе ниту да посочат каде се направени фотографиите, на која локација и кога. Нема никаков доказ дека отпадот таму стоел со месеци…

    Уште понепрофеионално е што порталот не се обидел да добие одговор од ЈП „Охридски Комуналец“, надлежно за расчистување на депониите, туку неосновано целата вина се фрла врз градоначалникот и СДСМ (член 1. од Кодексот на новинари).