×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Една слика во хотел ,,Казино“ не значи поддршка за објектите за игри на среќа

    01.07.2020 21:15 | KumanovoNews

    Пишува: Ардит Рамадани

    Во овој напис се тврди дека лидерот на Алијансата за Албанците е против објектите за игрите на среќа, иако тој никогаш не изјавил такво нешто. И за да го „демантира“ нереченото од Села, авторот објавува слика на секретарот на АА направена во еден хотел кој се вика „Казино“.

    Една слика во хотел ,,Казино“ не значи поддршка за објектите за игри на среќа

    (ФОТО) Села против игрите на среќа, а Таравари „се релаксира“ во Хотел „Казино“ во Гевгелија, се вели во  насловот на рецензираната вест.

    Како прво, не е вистина дека Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците (АА) е против игрите на среќа. Тој изјавил дека со доаѓањето на неговата партија на власт, игрите на среќа ќе се одвиваат само во хотелите со пет ѕвездички, но не и дека ќе ги затвори.

    „Ние ветуваме дека со нас на власт игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотелите со пет ѕвезди и, како прво, гарантираме дека игрите на среќа ќе бидат далеку од населените места, и како второ, во нив нема да може да има пристап секој  и на овој начин видно ќе се намали овој девијантен феномен” изјавиле од Алијансата за Албанците (АА).

    Оттука нејасно е како се заклучило дека лидерот на Алијансата за Албанците е против игрите на среќа.

    Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно” стои во Етичкиот Кодекс на новинарите во Македонија.

    Комбинирањето на две невистини не ја прави веста поубедлива

    За да се „демантира“ неизречената изјава на лидерот на Алијансата за Албанците во врска со казината, се употребила фотографија од личната Фејсбук страна на генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во еден хотел кој се вика „Казино“.

    Ова не може да се употреби како показател на тоа дали еден политичар е за или против игрите на среќа.