Коментаторски наслов наведува дека на Заев му е поважен одморот од новата влада

18.07.2020 13:19 | KumanovoNews

 Пишува: Весна Коловска

Коментаторски наслов наведува дека на Заев му е поважен одморот од новата влада

 Дигиталниот медиум „Денешен“ објавува текст во кој пишува за плановите на коалицијата „Можеме“ во периодот до завршување на работата на Државната изборна комисија (ДИК).

Текстот е пренесена изјава од „Плусинфо“, со наведување на изворот, но без линк. Меѓутоа, текстот не изнесува повеќе информации, туку коментира, па дури и осудува, во насловот. Притоа, приложена е фотографија од лидерот на СДСМ, Зоран Заев од неговиот краток одмор на Халкидики, Грција во 2018 година, што тогаш ја објавија грчките медиуми.

Текстот наведува дека на Заев поважен му е одморот од составувањето на новата влада, иако текстот подолу објаснува зошто коалицијата оди на одмор.

Коалицијата „Можеме“ на СДСМ во очекување на конечните официјални резултати од Државната изборна комисија  од предвремените парламентарни избори, од денеска ќе оди на одмор сѐ до Илинден, објавија повеќе медиуми.Лидерот на СДСМ Зоран Заев разговорите за состав на новата влада ќе ги почне по 2 Август, вели за Плусинфо висок функционер на СДСМ.

Во време кога 80% од корисниците на социјалните мрежи ги читаат само насловите, без да го отворат линкот и прочитаат текстот во продолжение, се гледа намерата на авторот да дезинформира и да го заведе читателот.

Новинарот во пишувањето треба да има неутрална позиција, ослободен од обврски кон одредени структури, туку единствената негова обврска е обврската кон публиката, да ја информира според основните новинарски  и етички стандарди.

Во Кодексот на новинари во делот за принципите на работењето, се наведува:

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

Кодексот предвидува и дел за известување од политичките процеси: „посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“.

 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk