×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пласирање лажни вести под превезот на „анонимни извори“

    05.07.2020 21:30 | KumanovoNews

    Пишува: Соња Рилковска

    Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24  на 04.07.2020 под наслов „Лазе Таневски сменет од шеф на изборниот штаб на СДСМ?“.

    Пласирање лажни вести под превезот на „анонимни извори“

    Насловот е поставен во прашална форма, но не е одговорено во текстот што се пласира. Уште во првиот пасус се спинува лажна информација, со која непознатиот автор тврди дека Танески е сменет од позицијата шеф на изворен штаб, користејќи ја добро познатата фраза со повикување на свои високи партиски извори, кои редовно остануваат анонимни.

    Веста воопшто не е точна, за што СДСМ веднаш објави демант со кој ги негираше информациите на Охрид 24:

    Не се работи за никаква смена на Таневски, бидејќи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески одамна е избран за еден од тројцата заменици на шефот на штаб уште од подготовките за предвремени избори составен уште на почетокот на оваа година. Бидејќи Таневски има бројни и интензивни средби со граѓани како кандидат за пратеник, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески ги врши сите клучни оперативни работи во штабот во соработка со Таневски и сите членови на бројниот Општински изборен штаб.

    Порталот наведува дека се обиделе да го контактираат Танески за потврда, но иако не успеле, па ја продолжува приказната, наведувајќи наводни причини за „смената“ на Танески:

    На местото од Таневски е поставен градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, а причина за смената на неколку дена пред гласањето на предвремените парламентарни избори, е лошата поставеност во општинската организација и недоволната активност на терен што ескалирало со посетата на Охрид на носителката на листата во 5-тата изборна единица, Радмила Шекеринска.

    На овој начин се деградира и оцрнува кандидатот за пратеник од редовите СДСМ и актуелен претседател на Изборниот штаб. Веста беше споделувана по социјалните мрежи и предизвика многу негативни коментари на сметка на Танески.

    Порталот Охрид 24 до денес го нема објавено демантот на СДСМ, што е прекршување на професионалните новинарски стандарди.

    Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, демант и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата, стои во член 3 од Кодексот на новинарите.