×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Предвремено броење „резултати” од гласањето

    19.07.2020 14:00 | KumanovoNews

     Пишува: Ардит Рамадани

    Предвремено броење „резултати” од гласањето

    Рецензираната вест објавена на 14 јули 2020 манипулира со читателите со „објавување на резултатите“ од гласањето на лицата со Ковид 19 и на лицата во самоизолација, како и на гласовите на лицата во казнено – поправните институции.

    Како што дознаваме неофицијално во Изборната единица 4, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 1381, додека СДСМ има 974 гласови. Денеска гласаа болни и изнемоштени лица и ова се неофицијалните резултати, се вели  во рецензираната вест.

    Меѓутоа, авторот на веста овие податоци не можел да ги добие ниту официјално, ниту неофицијално, поради тоа што гласачките кутии сè уште не биле отворени и поради фактот што овие гласови се бројат заедно со другите гласови, односно кога ќе заврши целиот изборен процес.

    По однос на ова се изјаснил и претседателот на  Државната Изборна Комисија (ДИК), кој за медиумите изјавил дека бројот на гласови објавен во една ваква вест е „шпекулација“.

    Денес се објавени некои шпекулации, посебно што се однесува на броењето на гласовите. Јас повторувам дека гласовите од вчерашното и денешното гласање не се бројат и не се избројани. Овие гласови ќе се бројат утре заедно со другите гласови, изјави Деркоски.

    Тој упати повик до политичарите и сите оние кои учествуват во вакви манипулации да се воздржат и да ги остават граѓаните да гласаат и да донесат вистинска одлука.

    Инаку, вториот ден од гласањето се одвиваше во Домовите за стари лица, Казнено – поправните институции како и лицата во домашен притвор.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk