×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев ја посетил градинката во Штип, но не држел митинг

    29.06.2020 20:53 | KumanovoNews

    Пишува: Билјана Димко

    На сајтот „24инфо“ на 28.06.2020 е објавена вест: „Детските градинки се затворени за деца, а отворени за Заев што претставува груба злоупотреба која најостро ја осудуваме“.

    Заев ја посетил градинката во Штип, но не држел митинг

    Текстот е всушност  партиско соопштение од ВМРО ДПМНЕ, со кое се тврди дека Заев држел митинг во градинка и ја ,,злоупотребил институцијата каде одат дечиња, во изборна кампања”. Не е направена јасна дистинкција во текстот, односно дистанца меѓу партиското соопштение и новинарскиот производ. Едноставно, соопштението од партијата е прекопирано на порталот интегрално и сместено во рубриката ,,вести” без неопходната, барем минимална редактура. 

    На објавената фотографија нема деца, а фотографираните се заштитени според препораките против Ковид 19.

    На официјалниот youtube канал на СДСМ е објавено видео на 28.06.2020 од кое што е евидентно дека митинг немало, туку дека само делегацијата од СДСМ додека била во Штип, ја посетила и градинката, која е проект и соработка меѓу локалната и централната власт.

     „ Денеска во рамки на нашата агенда ја посетивме и новата градинка „Виножито“ во Штип. После 30 години Штип, центарот на истокот го доби првиот ваков модерен објект. После 30 години нова градинка во Штип се изгради во овие две години. Вкупната вредност на оваа капитална инвестиција битна за сите граѓани на Штип е околу еден милион евра, средства кои седумдесет проценти се дел учество на Општината Штип, но и со поддршка на централната власт. Ова се типични проекти каде што се гледа соработката мешу локалната и централната власт. На површина од 1600 метри квадратни целосно модерен објект којшто може да прими двесте дечиња . Со сето ова го зголемуваме капацитетот на сите градинки во нашата земја. Се градат 44 објекти за најмалите, за дечињата. Во периодот што следи цврсто ќе се фокусираме да ја продолжиме оваа политика не само да градиме објекти туку и ги зголемуваме платите , за само две и пол години платите на воспитувачите , воспитувачките се зголемија за цели 5000 денари.”

    Со ова Николовски, потврдува дека ја посетиле градинката, но не држеле митинг во неа, наспроти тврдењата во насловот од текстот.

    Од насловот кој е тенденциозен, се добива впечаток за некаква ,,повластеност” на Заев споредено со децата, што е небулозно. Градинките наскоро и ќе се отворат за во нив да бидат згрижени децата, откако тоа ќе го одобри Комисијата за заразни болести. За таа цел беше спроведен и скрининг на вработените.