Мени

„Есенско пазарче“ утре во Ново Село

24.10.2026 13:00 | KumanovoNews

Во кумановско Ново село утре, недела, ќе се одржи манифестацијата „Есенско пазарче“, во организација на Здружението за локален и рурален развој „Ума сто“. 

„Есенско пазарче“ утре во Ново Село

Базарот започнува во 10.30 часот, а целта е да се промовира локалното производство и селскиот туризам.

Посетителите ќе имаат можност да купат домашни свежи и преработени прозводи, ајвар, сокови, слатка, сувомесни производи, мед, тестенини и готвени јадења.

Манифестацијата ќе се одржи по четврти пат, а секоја година има богата програма и голема посетеност од жителите на кумановско и регионот .