×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дрекслмајер во Куманово се снабдува со електрична енергија исклучиво од обновливи извори

    21.07.2021 17:12 | Сузана Николиќ

    Фабриката Дрекслмајер во близина на Куманово, од јули годинава се снабдува со електрична енергија од обновливи извори. На кровот на објектот е поставен фотоволтаичен систем со што е овозможено максимално искористување на потенцијалот од сончевата енергија.

    Дрекслмајер во Куманово се снабдува со електрична енергија исклучиво од обновливи извори

    Заштитата на животната средина е основа за одржлив развој и е од суштинско значење за Дрекслмајер групацијата. Преку одговорно однесување, компанијата се стреми да ги исполни економските, еколошките и социјалните стандарди.

    „Снабдувањето со електрична енергија од целосно обновливи извори на енергија е во согласност со нашата корпоративна стратегија. Во контекст на најголемите глобални предизвици, Дрекслмајер дава важен придонес во заштитата на животната средина. Веруваме дека со овој чекор ќе придонесеме за подигнување на свеста за искористувањето на обновливите извори на енергија и поголема заштита на животната средина“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

    Тој додаде дека овој потег, исто така, ќе придонесе за зајакнување на довербата кај клиентите на компанијата.

    Групацијата е посветена на одржливо корпоративно управување, а својата иновативност ја фокусира кон одржливи решенија за иднината на автомобилите, истовремено комбинирајќи современа технологија со високи перформанси и елегантен дизајн.