Сообраќајот се одвива отежнато и со ограничувања Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива забавено и по влажни и лизгави коловози поради врнежи од снег, особено во западните делови, информираат од АМСМ.
Во Куманово нема место за паника од грип Бројот на пациентите со симптоми на настинка и болести слични на грип во здравствените амбуланти последниве денови имаат тенденции на зголемување, но место за паника нема - известуваат од Заводот за здравствена заштита во Куманоиво.
Рибарите си избраа кум(че) Спортските риболовци од Куманово - членови на СРД „Пчиња„ верскиот празник Водици го прославија традиционално пред ресторанот на спортско - рекреативниот комплекс на кејот на реката Кумановка.
Утре се фрла светиот крст На одбележувањето на големиот православен празник Богојавление - Водици, традиционално во двете цркви во градот ќе се организира фрлање на светиот крст во црковните базени.
Водици неработен ден Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ , 19 (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Внимавајте, измамниците ни ораат ни копаат ! „Ме насамари едно никакво детиште како старо наивно магаре, но среќен сум што измамата ме чини само 500 денари.
Формирана Мрежа на противпожарни единици на ЗЕЛС Противпожарните единици од државата формираа свое тело во рамките на организациската структура на ЗЕЛС. На конститутивната седница за официјализирање на “Мрежата на противпожарните единици во Република Mакедонија” присуствуваше и командирот од противпожарната едници Куманово.
Вечерва прослава на Стара нова година Интересот за прослава на Старата нова година е многу послаб во споредба со минатите години.
Коледарите го најавија утрешното рождение Христово Со многу радост и веселба, со традиционалните христијански обичаи и бадникарски ритуали, Здружението ,,Коледари‘‘ денес, по единаесетти пат, го прославија Бадник и го најавија утрешниот најголем христријански празник - раѓањето на Исус Христос - Божиќ.
Православните христијани денеска го слават Бадник, утре Божиќ Православните христијански верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик. Бадник традиционално ќе биде одбележан со богослужби во сите цркви.
Табановце ги дочека бадникарите Селото Табановце денес беше на нозе: ги дочека и ги нагости бадникарите од Куманово на чело со претседателот на Здружението „Коледар„ Мирослав Доневски и кумот на прославата Момчило Цветковски.
СВР: Внимателно со бадникарските огнови СВР Куманово, во пресрет на верските празници Бадник и Божиќ ги повикува граѓаните да внимаваат на својата, и безбедноста на другите за време на верските обичаи, палење на бадникарските огнови.
Започна зимскиот распуст Од денеска на зимски распуст се 22 илјади ученици од основните и средни училишта во Општината Куманово.
Продолжува проектот “Транспаретна општина“ Заедницата на единиците на локалната самопурава на Република Македонија- ЗЕЛС, во соработка со УСАИД/Програма за локална самоуправа, во периодот од јануари до април, 2011 гоидна ја спроведува третата фаза од Проектот “Транспаретна општина“ во кој ќе бидат вклучени сите 84 општини и Градот Скопје.
Бадник и Божиќ неработни денови За сите граѓани од православна вероисповест неработен е Бадник 6 јануари, а Божиќ 7 јануари е неработен за сите граѓани во земјава.