Мирна новогодишна ноќ во градот Во Секторот за внатрешни работи Куманово, минатата ноќ биле пријавени само неколку нарушувања на јавниот ред и мир.
Новогодишни подароци за учениците во Четирце Членките на Коло на српските сестри денеска на учениците од основно училиште Браќа Рибар во селото Четирце им однесоа новогодишни подароци и пакетчиња.
Пусти желби Еден 3-годишен Марко во телевизиска емисија на прашањето што би сакал да му донесе Дедо мраз, без да трепне одговори: Да ми купи кола!
Натепал обезбедувач на казино Кумановската полиција поднесе кривична пријав против Љ.Н. (24) од Куманово, за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.
Дедо мраз пристигна и во „ФЗЦ 11 Октомври„ Популарниот Дедо мраз вчера со полна вреќа новогодишни подароци ги израдува и дечињата на работниците на Фабриката за заварени цевки и и профили „11 Октомври„.
Дедо мраз со падобран ќе ги донесе подароците На Градскиот плоштад во Куманово утре напаладне со падобран ќе се спушти Дедо Мраз.
Трибина за лажните надежи на азилантите Форум Центарот за стратегиски истражувања и документација, во соработка со германската организација ЦССП, под покровителство н УНДП ја организираат трибината „Граѓаните и лажните надежи за добивање азил во Западна Европа„.
На дневен ред беа јавните комунални претпријатија Советниците на денешната седница расправаа и усвоија, извештаи за финансиско работење во последниот квартал од годината на јавните претпријатија „Водовод„, „Чистота и зеленило„ и „Куманово-Гас„.
Меѓуградскиот сообраќај се одвива без застој Автобусите на автпоревозните претпријатија во градот сообраќаат редовно. Од Автобуската станица во Куманово не информира дека предпладнето нема застој во одвивањето на меѓуградскиот и градскиот сообраќај.
Триесет и седма седница на Советот Седницата ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10:00 часот.
Четири улици во градот без вода Жителите од улиците „Бранко Богдански-Гуцман„, „Вараждинска„, „Евто Спасовски„ и „Пчињски пат„ денеска ќе останат без вода поради дефекти на водоводната мрежа.
Се утврдуваат штетите во поплавените села Општинскиот кризен штаб за заштита и справување донесе неколку заклучоци со кои се обврза под итно да започне со расчистување на Крива Река и Живуша во селата Довезенце, Јачинце и Бељаковце и да се отстранат критичните точки кои можат да предизвикаат нови излевања на водата.
Јагула во Кумановка Јагула долга 1 метар, а тешка 2 килограми денеска била уловена во реката Кумановка.
Поплавени десетина села во трите општини Поројните дождови што за време на викендот ја зафатија земјата, поплавија куќи и обработливо земјоделско земјиште во општините Старо Нагоричане, Куманово и Липково.
Поплави во кумановско Обилните врнежи што вчера го зафатија кумановскиот регион, предизвика излевање на реките Пчиња, Крива река , Липковка и Гурубинка.