Македонската армија го слави полнолетството Во рамките на одбележувањето на 18. Август, Денот на АРМ, денеска во касарната Боро Менков со сите воени почести се славеше 18 години од постоењето на македонската армија.
Вонредна крводарителска акција во Куманово Општинскиот Црвен крст од Куманово денеска со почеток од 10 до 17 часот во просториите на Центарот за култура Трајко Прокопиев организира вонредна крводарителска акција.
Препорака за граѓаните, да ги избегнуваат високите температури За тропските горештини кои деновиве го зафатија регионот, лекарите со предупредување до граѓаните, да не излегуваат во најжешкиот период помеѓу 10 до 17 часот, да избегнуваат тешки физички активности, а неопходните работи да ги завршуваат рано наутро и доцна попладне.
Утре почнуваат уписи за факултет Матурантите со положена државна матура, утре и задутре, можат да конкурираат за запишување на некој од петте државни универзитети.
Високите температури продолжуваат Според синоптичарите и во текот на оваа недела ќе се задржи сончево и многу топло време.
МВР со кампања - „Заштити го својот дом“ Одделението за превенција започна со превентивна кампања со цел да ги информира граѓаните за заштита на домот од провални кражби под мотото „Заштити го својот дом“.
Зголем бројот на пожари во Куманово Зголемн е бројот на интервенции на противпожарната единица Куманово во месецот август. ТППЕ Куманово во изминатитре две недели во гасење на пожари интервенирала на 38 од кои нјаголмиот дел се полски пожари на отворен простор.
Денеска е светски ден на младите Во 1999 година од страна на Обединетите Нации овој ден е одвоен и прогласен како ден кога им се одава признание на над 2 милјарди млади луѓе ширум светот на возраст од 10-24 години. Кај нас почнува да се одбележува од 2000 година.
Ученичкиот дом Професор Мијалковиќ во Куманово има 80 слободни места Ученичкиот дом Професор Мијалковиќ во Куманово има капацитет за сместување на 120 ученици, а до сега по првиот уписен рок се имаат запишано 50 ученици.
Во Куманово нема болни од СИДА, но има преносливи болести Две лице заболени од СИДА биле регистрирани во последните 5 години во Куманово. Од нив едното починало, а другото се преселило и живее во странство.
Стечајците отворија плажа во Куманово Педесетина стечајни работници од Здружението „Унит“ и оние прогласените како технолошки вишок, денеска два часа го блокираа влезот на Куманово.
ЕВН со нова кампања за плаќање на сметките ЕВН Македонија започна кампања што ќе ја спроведува низ целата држава со цел да се информира јавноста за поволните услови што ги нуди во врска со плаќањето сметки за електрична енергија. Ова се однесува за изминатите дванаесет месеци.
Се реконструира „Индустриска“ На улицата „Индустриска“ се врши реконструкција и санација на коловозната лента.Се работи на потегот од улиците „11 Октомври“ до „11 Ноември“ во должина од 1236 метри, а со широчина од 12 метри.
Нови протести на стечајците Стечајните работници и оние прогласени за технолошки вишок, утре од 11 до 13 часот во знак на протести поради неостварените барања ќе го блокираат влезот и излезот на Куманово кај автопатот Скопје - Табановце. Од Здружението Унит велат дека нема да престанат со протестите се додека надлежните не изнајдат решение за нивниот социјелен статус.
Нов топлотен бран оваа недела Управата за хидрометеоролошки работи за оваа недела најавува уште еден топлотен бран, кој кулминацијата ќе ја достигне в петок со 39 Целзиусови степени.
„Толи Зордумис„ ќе добие нови училници Утре ќе започне изградбата на четири нови училници во основното училиште „Толи Зордумис„. Училниците ќе бидат наменети за учениците од 5 до 8 одделение со настава на албански јазик.