Неколку улици без вода Поради дефект на водоводната мрежа, жителите на улиците „1„ во населбата Карпош, „Титова Митровачка„, „Иво Лола Рибар„, „Ристо Романовски„ и населбата Долно Којнаре, утринава останаа без вода.
Корисници на Порака организирано до лични карти Лицата со посебни потреби сместени во Дневниот центар „Порака-наша„ организирано ќе извадат нови лични карти. Mинистерството за внатрешни работи издало оддоберение за групно вадење на лични карти за специфичните категории на граѓани.
Се чисти реката Слупчанка Екипи од Дирекцијата за заштита и спасување согласно програмата превзема активности за расчистување на речните корита во кумановскиот регион. Од вчера започна чистењето на реката Слупчанка во Општината Липково.
Табановце и Куманово најдобри царински испостави Најдобра гранична царинска испостава за периодот од април-јуни 2010 избрана е царинската испостава Табановце-автопат и Табановце железничка станица, како и Царинарница Куманово.
Помалку пожари од лани Територијалната противпожарна единица овој месец интервенирала на 25 пожари, од кои 18 на отворен простор. Оваа бројка е значително помала во однос на мината година во овој период од годината.
Црвениот крст обезбеди помош за скопски социјалци Црвениот Крст од Куманово донираше над осумдесетина пакети со облека и обувки наменети за социјално загрозените смејства,бездомници, старите лица и лицата со посебни во руралните средини во Скопје.
Променливото време создава главоболки Времето во текот на денот ќе биде сончево, додека попладне ќе има услови на нестабилност проследена со локален дожд и грмежи, особено во северо-источните делови, се наведува во информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи.
ДЗС: Граѓаните да не предизвикуваат пожари Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на поголема внимателност за заштита од шумските пожари и на отворен простор, поради зголемените температури во последните неколку дена.
Кумановци со посебен воз на „Пиво фест„ Организаторите на манифестацијата “Пиво фест„ во Прилеп, во соработка со „Македонски железници„ на 17 и 18 јули пуштаат во сообраќај еден пар посебни возови на релацијата Куманово - Скопје - Велес - Прилеп.
Во Старо Нагоричане започна изградбата на патот за Никуљане Првата фаза предвидува изградба во должина од 1800 метри во рок од 45 дена, а втората фаза вонаредните неколку месеци. Патот ќе биде со широчина од 6 метри, од кои 4 метри коловоз.
Волонтерите на Црвен крст однесоа помош во „Порака„ Црвениот крст од Куманово додели 10 пакети со храна на корисниците од Регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака„.
Почнува летото Денеска во 13 часот и 29 минути на северната полутопка на Земјата започнува летото. Истовремено за жителите на јужната хемисфера почнува зимата.
Куманово доби јарбол и знаме Јарбол висок 30 метри на кој се вее знамето на Република Македонија со димензии шест на три метри, пред неколку дена е поставен во центарот на Куманово.
Старо Нагоричане на саем во Ќустендил Општина Старо Нагоричане од вчера до 29 јуни учествува на традиционалните „Денови на Црешата„, кои ќе се одржат во Ќустендил, Р. Бугарија
Почнаа уписите во средните училишта Денеска и утре ќе се одржи првото пријавување на учениците во средно образование во јунскиот уписен рок.
ВАШИ ПИСМА: Куманово или ти Африка Знам дека сега е популарно Светското првенство во Африка, ама ова што се случува во Куманово го нема ни таму. Од сабота навечер без капка вода на 40 степени!!!