Утре се слави Голема Богородица Традиционално во манастириот „Забел„ и „Карпино„ ,цркавата во Младо Нагоричане и населбата Карпош се организираат гоелми народни собири.
Продолжен рокот за упис во средните училишта Oткако и во вториот упис не се пополниле слободните места., училиштата го продолжилее рокот за упис на полуматурантите во општинските средни училишта.
Пожар пеплоса шест објекта во Студена Бара Три куќи и три помошни објекти изгореле во големиот пожар што вчера попладне го зафати м.в. „Ново село“ во атарот на кумановското село Студена Бара.
Градинките тесни да ги примат сите деца 1147 деца се запишале во шесте објекти на градинката „Ангел Шајче„ во Куманово. Во однос на мината година градинките примиле педесетина деца повеќе.
Вода ќе нема во три населби Населбите Бабин Дол, Ајдучка Чешма, Долно Којнаре и улиците „Народна Револуција„ и „Лесковачка„ денеска ќе останат без вода за пиење.
Голема Богородица-неработен ден за граѓаните од православна вероисповед Граѓаните од православна вероисповед оваа сабота го слават празникот Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица.
Кумановец доби автомобил на наградна игра Ѓокица Стефановски (25) од Куманово е добитникот на автомобилот „киа пиканто“ во наградната игра на трговскиот центар „Сума“. Наградната игра траела два месеци, а во неа учествувале сите граѓани кои купувале во продавниците на комплексот.
Учениците во Којнаре ќе газат по асфалт Денеска започна асфалтирањето на улицата до средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“ во селото Долно Којнаре.
Започнува реконструкцијата на болницата Утре официјално започнува реконструкцијата на Општата болница во Куманово. На свеченото отпочнување на работата ќе присуствува и министерот за здравство Бујар Османи.
Место оџата, деца пееја молитва во џамија Децата влегле во џамијата, додека стражарите биле излезени до продавница. Го искористиле моментот што биле сами и додека ја разгледувале џамијата го вклучиле системот за озвучување и си поиграле со микрофонот.
Поголема едукација за пријава на мобинг Во Македонија се поприсутна е појавата на мобинг,односно малтретирање на работното место во државните институции. Работниците се уште неможат да разграничат што е мобинг, а што повреда на правдата на работното место.
За викенд услови за дожд Утре попладне ќе има услови за локален дожд и грмежи, под влијание на продор на посвежа воздушна маса. Ќе дува умерен северен ветер, најавуваат синоптичарите.
Втор уписен рок во средните училишта Во четирите средни училишта во Куманово, полуматурантите ќе можат да конкурираат за преостанатите слободни места во 76 паралелки на македонски, албански и српски јазик.
АРМ славеше и во „Боро Менков“ По повод 18 годишно постоење, денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово свечено беше одбележан Денот на Армијата на Република Македонија.
Продолжува програмата на Кумановско културно лето Кумановското културно лето по мало затишје, деновиве повторно се актуелизира со содржините кои се предвидени да се реализираат во наредните денови.
Стратегија за поквалитетно образование Секторот за образование изготви нацрт стратегија за развој на образованието во регионот.