Цревните заболување ги косат граѓаните 560 лица побарале помош кај своите матични лекари поради болки во стомакот, повраќање, дијареа и висока температура. Лекарите велат дека оваа бројка е многу поголема, бидејќи дел од граѓаните се лекувале сами.
Светски ден на прва помош Под мотото „Прва помош за сите„ вчера во центарот на градот беше исценирана сообраќајна незгода за да се покажат вештините од првата помош пред очите на граѓаните и да се подигне јавната свест дека со првата помош може да спаси нечиј живот.
Во Режановце се славеше Св.Јован Опсечен Со голем црковно-народен собир денеска во црквата Св.„Јован Опсечен“ во селото Режановце го прослави истоимениот празник и патрон на црквата. На чествувањето на празникот се собраа верници од повеќе градови од држава, но и од соседните земји.
Епидемијата на сипаници ставена под контрола Само едно новозаболено лице од ситни сипаници е регистрирано во изминатите 24 часа во ромските населби каде што е прогласена епидемија. Тоа значи дека сипаниците не се шират со прво првобитното темпо и состојбата е под контрола- велат од Центарот за јавно здравје.
Се слави Рамазан - Бајрам Муслиманите во Република Мекедонија, како и верниците од целиот исламски свет го слават празникот Рамазан Бајрам. Денеска завршува светиот месец Рамазан и се означува крај на едномесечниот пост.
Специјалци на АРМ донесоа помош на болната жена Припадници на Полкот за специјални операции на АРМ денеска го посетија семејството на самохраната мајка Даниела Петковска, која боледува од булимија, анорексија и рак на матка и донесоа помош во храна, школски прибор и играчки за двете малолетни деца.
Ранци за второделенците во „11 Октомври„ Двесетина Ромчиња од Основното училиште „11 Октомври„ добија ранци.Подарокот го обездедиле од општинската организација на СДСМ, по повод почетокот на новата учебна година.
Пуштени во употреба бесплатните интернет зони Градоначалникот Зоран Дамјановски синоќа го предаде во употреба бесплатните бежични интернет на Градскиот кеј, пред почетокот на музичката манифестација Урбан викенд.
За викенд дожд Денеска кон крајот на денот и утре ќе има зголемување на облачноста која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи.
Шумски пожар во Слупчане Во голем пожар помеѓу селата Слупчане и Ваксинце денеска изгореа 30 хектари нискостеблеста шума, сува трева и шума.Пожарот избувнал предпладнето и почнал да се шируви на шумата, поради што било интервенирано со противпожарни авиони заради непристапноста на теренот.
Во Липково затворени паралелките на земјоделското училиште Поради немање на елементарни услови од денеска е затворено училиштето во Општината Липково каде се сместени паралеките на албански јазик од Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ Куманово.
Слободни места за студентите по бизнис администрација на албански јазик Во наредните три дена ќе трае уписот на студентите на Тетовскиот универзитет за дисперзираните студии на албански јазик во Куманово. На факултетот во првиот уписен рок се запишале неколку студенти Македонци, кои предавањата ќе ги слушаат на албански јазик, а ќе полагаат на македонски.
Се е подготвено за новата учебна година Oколу 12,5 илјaди основци и 7200 средношколци во Куманово утре тргнуваат на училиште. Надлежните од Општината велат дека се е подготвено за стартот на новата учебна година.
Во „Крсте„ и „Браќа„ дневен престој за учениците Во основните училишта "Крсте Мисирков" и "Браќа Миладиновци" од Куманово оваа учебна година за прв пат е планирано да се формираат две паралелки со кои ќе се овозможи целодневен престој на учениците од првото до петото одделение.
Старскиот дом со поголеми сместувачки капацитети Домот за стари лица „Зафир Сајто„ оваа година го прошири капацитетот со нови легла за сместување.Постоечкиот простор во оваа институција е преадаптиран во соби каде што ќе се сместат уште 10 корисници.
Центарот за социјално со нов директор? Според чаршиските муабети Даниел Живачки има најмногу шанси да ја завземе раководната функција, поради подршката на висок партиски функционер.