12 јуни - Светски ден против злоупотреба на детскиот труд Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, по повод 12 јуни Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд потсетува дека и покрај тоа што поминаа 8 години откако стапи на сила Конвенцијата бр. 182 на Меѓународната Организација на трудот (МОТ) за најлошите форми на детскиот труд во Република Македонија состојбата со злоупотреба на детскиот труд и понатаму е алармантна.
Гасификацијата на Куманово се интензивира. На крстосницата на булеварот Трета МУБ и Октомвриската Револуција денеска е извршено спојување на челични гасоводни цевки со профил од 159 мм со што е овозможена изградба на нови еден ипол километар од примарната гасоводна мрежа. Оваа операција ја изведува екипата на ФЗЦ „11 Oктомври“.
Црвен крст делеше вода и совети против високите температури Волонтерите на општинската организација на Црвениот Крст, денеска на градскиот плоштад на граѓаните им делае флаери и кисела вода заради освежувње од жешкото време.
Завршува учебната година З а околу 14,5 илјади ученици од Кумановско, од кои 12.488 илјади основци и 7291 илјада средношколци, денеска завршува учебната година.
Црвениот крст со своја веб-страна Црвениот крст од Куманово го промовираше својот веб-портал. Од сега на адресата www.crvenkrst-kumanovo.org.mk граѓаните ќе можат да се информираат за сите активности на Црвениот крст.
Одбележан патрониот празник во „Толи Зордумис„ Основното училиште „Толи Зордумис„ од Куманово со свечена приредба го одбележа патрониот празник. Учениците изведоа повеќе точки во рамките на програмата насловена како „Сакам да бидам„.
Почна исплатата на мајските пензии Пензионерите од денеска ќе можат да ги подигнат мајските пензии. Министерството за финансии и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување информираат дека се уплатени пензиите за предходниот месец.
Во викендичка пушеле марихуана СВР Куманово поднесе кривична пријава против А. П. (27) и Б. С. двајцата од Куманово за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Прскање против комарци утре сабајле Утре ќе се врши прскање од комарци на територијата на Општина Куманово. Доколку дозволат временските услови аерозапрашувањето ќе се одвива во периодот од 5 до 7 часот, во спротивно ќе биде пролонгирано за наредниот ден во истиот период.
Се одбележува Недела на солидарност Црвениот крст од Куманово по повод Неделата на солидарноста од 1 до 7 јуни ќе преземе повеќе акции за собирање на хуманитарна помош. За таа цел веќе е изговен спот кој се емитува на локалната телевизија со телефонски броеви и сметки каде можат да се донира помош за социјално загрозените граѓани.
Државна матура на 12 и 14 јуни На 12 јуни, матурантите ќе полагаат мајчин јазик, а на 14-ти странски јазик, математика, естетика или филозофија.
Кумановската пожарна доби нови возила Територијалната противпожарна единица во Куманово доби две нови противпожарни возила.На свеченоста по повод Денот на пожарникарите, денеска беа промовирани возилата, кои ќе ја подобрат ефикасноста на работата на пожарната служба во градот.
Ден на пожарникарите На прославата по повод Денот на пожарникарите, денеска во просториите на Територијалната противпожарна единица во Куманово ќе бидат промовирани новите противпожарни возила.
Гимназијaлците вечер слават матура Матурантите од Гимназија вечерва ќе го прослават завршувањето на средното образование. Матурската прослава ќе ја одржат во ресторанот „Палас“.
АМСМ: Се работи на патот Куманово - Табановце На патниот правец Куманово – Табановце се изведуваат градежни работи на изградна на новата коловозна лента и се препорачува внимателно управување со возилата.
Учениците на „Крсте„ најдобри млади техничари и природници На Регионалната олимпијада на млади техничари и природници што викендов се одржав во Народна техника во Куманово Основното училиште „Крсте Мисирков„ го освои првото место во вкупниот пласман.