Еднонасочен сообраќај на улиците над Зелениот пазар Втората фаза од проектот се реализира во соработка на Општината и СВР Куманово, откако мината година беше спроведена првата етапа во централното градско подрачје.
Во земјоделското училиште во Липково уште нема настава Откако просветната инспекција забрани да се изведува настава во училиштето поради немање на хигиенско-технички услови сеуште нема препорака од Министерството за образование како ќе се решава проблемот.
Жителите на „Питу Гули“ бараат широка улица Жителите од улицата „Питу Гули“ обвинуваат дека нивни соседи узурпирале дел од улицата и сега наместо 8,5 метри, како што е предвидено со деталниот урбанистички план на поедини места таа се гради само на 5,5 метри.
Три улици и една населба без вода Дефекти на водоводната мрежа има на улиците „Народна Револуција„, „Ацо Борозановски„ и „Србо Томовиќ„, додека во населбата „Вера Которка„ се вршат нови приклучоци.
Се асфалтира патот во Тромеѓа Се реконструира патот низ селото Тромеѓа од м.в. „Село„ до м.в. „Сланиште„ во должина од 1100 метри.
ЗНМ доби нов Статут На годишното Собрание на Здружението на новинарите на Македонија, делегатите го изгласаа новиот Статут и извештајот за четири годишното работење и финансискиот извештај.
Истекува времето за регистрација на половните автомобили 30 септември е и крајниот рок за увоз на половни возила со ЕУРО 1 стандард, но и последниот рок за пререгистрација на возилата со странски претежно бугарски регистерски таблички.
Сувенири од невладините организации Невладината организација „Коло на српските сестри„ како носител на проектот „Богатство на природата-извор на егзистенција„, со партнерските организации „Кумановка„ и „Мајка„, шест месеци работи во селата Клечовце, Романовце и Старо Нагоричане.
Вработените учат Прва помош Во Куманово од почетокот на оваа година до септември за Прва помош се обучени 58 вработени.
Денови на медот на плоштадот Единаесетиот пчеларски саем ќе трае во наредните три дена. На манифестацијата ќе учествуваат сите пчелари од градот, а најавена е и богата музичка програма.
Училиштата добија сообраќајни табли Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Oдделението за превенција во СВР Куманово по повод 22 Септември - Меѓународниот ден без автомобили, денеска подели сообраќајни табли и знаци за основните и средните училишта во градот.
Кумановските ветерани го слават мирот По повод Денот на светскиот мир општинската организација на Сојузот на борците од НОБ, денеска ќе положат венци и свежо цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци.
Се поставуваат тротоари во Карпош Жителите на Карпош ќе добијат тротоари на главната улица што минува низ населбата. Тротоарите се во должина од 1340 метри, а ќе се постават од кај мостот во центарот на населбата до некогашниот салон на НАМА.
На Табановце запленета облека При царинска контрола на граничниот премин Табановце во патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата се откриени над 100 готови текстилни производи.
Акција за чистење на населбата„Гоце Делчев„ Продолжува акцијата на вработените во ЈП „Чистота и зеленило„ и локалната самоуправа за чистење на јавните површини во градот. Утре ќе се работи во населбата „Гоце Делчев„ на потегот од училиштето „Кочо Рацин„ до градинката.
ВАШИ ПИСМА: Нема притисок децата да одат на екскурзија По објавувањето на текстот во „ВАШИ ПИСМА: Доброволна екскурзија под притисок„, во нашата редакција стигна реакција на советите на родители од четвртите одделенија во ОУ „Кочо Рацин„ во кои се вели дека изнесените обвинувања се тенденциозни,а директорот и училиштето се непотребно вмешани во целата работа.