×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики на Драган Бошковски во Куманово

    15.04.2025 17:27 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре во 19:30 часот ќе биде отворена првата самостојна изложбата на Драган Бошковски од Куманово.

    Изложба на слики на Драган Бошковски во Куманово

    На изложбата ќе бидат поставени 22 дела, работени во техниките масло на платно и лесонит, како и темпера на хартија, картон и платно.
    Бошковски со ликовната уметност се занимава во континуитет  веќе педесетина години, започнувајќи со своето прво дело кое го има насликано на 13 годишна возраст.  Во периодот од 2001 до 2024 година, со своите дела редовно учествува на изложбата „Самоуки“ во организација на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

    Неговиот творечки опус надминува четиристотини дела, од кои добар дел се наоѓаат во приватни колекции на просторите на поранешна Југославија, Холандија, САД, Италија и Бугарија.

    Оваа изложба воедно е негова прва самостојна изложба со која се претставува пред пошироката јавност.
    Изложбата е поддржана од Општина Куманово.

    Изложбата ќе биде поставена до 02. мај, а ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС од Куманово.