×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kлиматските промени во Македонија – „Борба со ветерници“

    15.02.2023 11:38 | KumanovoNews | Преземено од: Дума.мк

    Очи во очи со торнадо. Првично вчудоневиденост, а потоа паника и особено страв му го спасија живототот на кавадаречкиот музичар Мемет Дивјачев, на 16 август, 2022 година кога  на патот Неготино – Штип, кај местото Лакавица се соочи со дотогаш невидена глетка. Дивјачев, за прв пат, јавно сведочи за случката. И не сокри дека не ни знаел што гледа во критичните неколку минути. 

    Kлиматските промени во Македонија – „Борба со ветерници“

    Соочен со чудо од една и страв од друга страна Дивјачев успеал за кратко време да се совземе. Додека морници му го полазиле телото, човечкиот инстикт го натерал да бега и тоа најбрзо што може од Лакавица. Го послужила и среќа.

    „Вечерта сфативме дека токму стравот не спаси. Ако не беше така, кој знае дали ќе останевме живи“, рече Дивјачев.

    Тоа со што овој граѓанин директно се соочи така не го прикажаа во официјалните извештаи надлежните институции во Македонија. Тие во дневниот временски извештај не објавија дека во Неготинско – кавадаречкиот регион се појави мало торнадо туку дека овој дел од државата погоден е од невреме со силен интензитет.

    „Како последица на силниот ветер откорнати се покриви на згради, на куќи, на објекти како и дрвја паднати врз автомобили. Невремето во градовите Неготино и Кавадарци проследено со обилни количества на наврнат дожд поплавија улици, подруми и приземни делови на објекти“, гласеше официјалната информација.

    За разлика од неа граѓани сведочеа и за дотечени суводолици со вода од чии енормни количини беа покриени стотици хектари со лозови насади. Во општина Неготино поднесени се 591 граѓански барања за надомест на штета од државата, како резултат на последица од временската непогода.

    Всушност надлежните институциите информираа за последиците на денот, 16 август 2022 година, но не и за причината. Неа ја имаше само во јавно прикажаното видео на Дивјачев, на Фејсбук, кое што за еден час го видоа неколку стотици граѓани. Постот постигна рекордни 23 илјади прегледи. Тогаш, збунети и исплашени, граѓаните прашуваа: „ Што се случи кај Лакавица?“. Државните институции и експертите молчеа. Зборот „торнадо“ никој не го спомнаа.

    Четириесет и пед дена претходно, на крајот од месец јуни, во струмичкиот регион, со 8.200 хектари обработлива површина и 7.400 активни земјоделски стопанства, се случи слична временска непогода. Овој дел на државата ги храни македонските граѓани со зеленчук. И токму таму, во најпогодените општини, Василево и Босилево, се наоѓаа 5,5 хектари под пластеници со засадени градинарски култури на дипломираниот земјоделски инжинер Дени Трајков. Тој со семејството живеат во селото Сарај. Неговата изјава, исто така, е морничава. Особено при описот на чувството што го имал додека пред себе го гледал уништувањето на пластениците и на родот. Трајков глетката ја нарече „донкихотска борба со ветерници“.

    „Катастрофа. Тоа е единствениот збор кој ја опшишува состојбата. За прв пат во моите 37 години гледав како се измешаа темнина и светлина на небото и како се спуштија над фолиите со зеленчук. Ветер со брзина од над 200 км/час го кинеше полиетиленското платно а потоа ги корнеше од земја железните профили, ги дигаше во воздух и ги носеше. Од небото дожд се истураше како од крбла. Водата паѓаше врз засадените домати, пиперки, најпознатите македонски „ајварки“, моркови, марули и зелка. Уништени беа нивите со лубеници и со дињи. А јас ништо не можев да сторам и да спасам,“ рече Трајков кој констатираше дека половина час по невремето глетката била поразителна, како за него така и за стотици други земјоделци. „Три години се бориме со невреме од ваков обем. Секоја година иста состојба. Уништен род до корен. И не само по еднаш туку се повторорува по два, по три пати годишно. Исклучиво во лето. Немоќен си да спречиш, затоа велам дека тоа е како борба со ветерници,“ додаде Трајков.

    Ова земјоделско семејство на крајот на сезоната, набра и продаде род во неполни два, што споредено со 2018 година, помалку е за 1,5 камиони шлепери. За Трајкови тоа е голема загуба. И за останатите земјоделци. Тие ги пријавија штетите. Оштета се уште не добиле.

    Државата дури годинава успеа да ги исплати штетите од невремињата во изминатата деценија, заклучно со 2021 година. Оваа пракса во С.Македонија од една страна демотивирачка е за земјоделците додека од друга страна резултатот е се помали произведени количини зеленчук.  Како за потребите на граѓаните дома така и за пазарите во поранешните држави на Југославија поточно Западен балкан.

    Трајков, чии стручни компетенции го поттикнале самостојно да ги анализира временските непогоди и да дојде до резултати за кои причинителот го гледа во климатските промени вели дека се е последица на загадувањето на воздухот во југоисточниот дел на С.Македонија. Тамошните државни мерни станици за квалитет на воздухот, во последните три години, мерат концентрации на SO2, ПМ 10 и ПМ 2,5  во вредности и до три пати повисоки од максимално дозволените граници.

    Затоа овие македонски земјоделците јавно прашаа постои ли во државата софистициран систем за заштита коишто навреме би регистрирал, информирал и заштитувал човечки животи, објекти и почва од торнада или временски промени од вакви размери.

    Истражувачката приказна на новинарката Убавка Јаневска во целост прочитајте ја на www.duma.mk.

    “Овој материјал е објавен во рамките на проектот „Going Environmental“ управуван од n-ost и БИРН и финансиран од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ). BMZ во никој случај не е одговорен за информациите или гледиштата изразени во рамките на проектот“.