Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На тениските терени на Градскиот кеј во Куманово вчера се одржа Тенискиот фестивал за дечиња, во организација на Тениската федерација на Македонија и трите тениски клуба од Куманово, ТК „Тумба“, ТК „Куманово 2010“ и ТК „Конфидент Тенис“.
Под мотото "Запознај го тенисот низ игра и дружба" продефилираа околу 90 дечиња кои кроз игра и забава се запознаа со вештините на тенисот.
За нивната едукација се погрижија тренерите од клубовите кои беа дел од организацијата на целиот настан, кој помина во одлична атмосфера.
Тениската федерација на Македонија на фестивалот за дечиња ја представуваа Горан Шевченко - спортски директор и техничкиот секретар Елена Никодиновска - Аџар .