Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младиот гитарист Марко Цветковски од Куманово, ученик во трета година во Музичкото училиште “Илија Николовски - Луј“ во Скопје, неодамна освои второ место на меѓународен натпревар во Аранѓеловац, Србија.
Тоа беше напревар за класична гитара. Имаше десет учесници постари од мене од Србија, Македонија, Хрватска и Бугарија. Јас се пласирав втор. Секогаш кога настапувам важно ми е да се дружам, да уживам во музиката. Со свирење на класична гитара се занимавам одамна. Јас завршив нижо музичко училиште во Куманово, а последниве три години посериозно се занимавам со свирење на класична гитара - вели Цветковски.
Тој на 1 мај ќе учествува на меѓународен фестивал за класична гитара во Пореч, Хрватска каде ќе има натпреварувачи од цела Европа.