×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Конзервација на фреските во „Свети Ѓорѓи“ и нов кров на црквата во Матејче се планирани за оваа година

    11.04.2025 12:13 | KumanovoNews

    Според програмата на Националниот конзерваторски центар (НКЦ) оваа година предвидени се проекти за непосредна заштита на архитектурата и ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, а  во две фази ќе се одвива и препокривање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастиркиот комплекс во Матејче.

     

    Конзервација на фреските во „Свети Ѓорѓи“ и нов кров на црквата во Матејче се планирани за оваа година

    Во црквата во Старо Нагоричане е предвидено да се изведе конзервација и реставрација на ѕидното сликарство на црквата „Свети Ѓорѓи“. Како посебен проект е заштита на архитектурата на црквата со спроведување на истите процеси на конзервација и реставрација.

    Ова го најави и министерот за култура Зоран Љутков, кон крајот на минатата година кога беше во посета на црквата во Старо Нагоричане. Љутков тогаш потенцираше дека се обезбедени 5,5 милиони денари (90 илјади евра) за тековната 2025 година, но вети и финансиска поддршка на сите етапи од реставрацијата. Црквата ќе биде отворена за посетители во текот на изведување на работите.

    Препокривање на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче, Општина Липково е предвидено да се одвива во две фази, но и двете би требало да завршат до крајот на 2025 година. Предвидено е да се изработи анекс проект со техничко решение за нов кровен покривач на црквата, а подоцна и имплементација на проектот. Ова го најави и директорката на НКЦ Цветанка Хаџи- Пецова која прецизираше дека е планиран кров со византиски тип на ќерамиди, затоа што оловните покривачи се често мета на крадците.

    Националниот конзерваторски центар ќе изврши и стручни увиди во состојбата на регистрираните и евидентирани недвижнини на територијата на општините Старо Нагоричане и Ранковце. Во план е и изработка на елаборат за валоризација на споменичката целина „Градиште“ во селото Младо Нагоричане.