Двајца малолетници повредени откако со мопед се судриле со „ауди“ Двајца малолетници се повредени откако со мопед се судриле со автомобил на регионалниот пат Куманово-Скопје, на влез во с.Черкези-кумановско
Левица: Црвениот бран пристигнува во Куманово на 11 април Во големата сала на зградата “Комитет” во Куманово, утре /четврток/ со почеток во 19 часот пред граѓаните ќе се претстави Билјана Ванковска, кандидатката за претседател на Македонија од партијата Левица.
Новата фонтана чини 10.000 евра, реконструкцијата на Соколански парк 233.000 евра Пуштена е новата украсна фонтана во Соколанскиот парк за која Општина Куманово потроши 10 илјади евра. Реконструкцијата на паркот чини 233 илјади евра.
Повреден мотоциклист во сообраќајка на регионален пат Куманово – Свети Николе Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на регионален пат Куманово – Свети Николе, во атарот на селото Орашац.
Уставниот суд ја укина одлуката за суспензија на ДУП-от кај „Школска амбуланта“, не е загрозен јавниот интерес Уставниот суд ја укина Одлуката за суспензија од примена на Детален урбанистички план во Куманово, бидејќи оценил дека има отстапки во постапката за донесување на одлука, кои претставуваат повреда на начелото на владеењето на правото, предвидено со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Стево Пендаровски е кандидат на сите граѓани, кажа Костовски Императивот во работата на секој политичар е да работи за народот и да го сплотува, а не да го дели.
Рамазан Бајрам - 10 април, неработен ден за сите граѓани Празникот Рамазан Бајрам, среда е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Отфрлена е кривичната пријава за злоупотреба на службена положба против Благе Јакимовски, поранешен претседател на Здружение на пензионери Куманово Основното јавно обвинителство од Куманово ја отфрлило како неоснована кривичната пријава против Благе Јакимовски, поранешниот претседател на Здружение на пензионери Куманово, која била поднесена од СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, во март минатата година.
Вицепремиерот Битиќи на средба со бизнис заедницата во Куманово Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции денеска имаше средба со бизнис секторот во Куманово. На средбата било разговарано за предизвиците проблемите и потребите на компаниите, како и за начините за надминување на истите.
Уставниот суд ќе одлучува за уставноста на суспендираниот ДУП кај „Школска амбуланта“ Уставниот суд на 9 април на седница ќе ја оценува уставност на одлуката на Советот на Општина Куманово да го суспендира Деталниот урбанистички план (ДУП) помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул.„Прва петолетка“ и ул.„Миле Кипра“- Општина Кумановово, во близина на т.н. „Школска амбуланта“ во Куманово.
Ромите се невидливи, маргинализирани и отпишани од општеството, вели Ашмет Елезовски на Меѓународниот ден на Ромите Ромите се се уште невидливи, маргинализирани и отпишани од општеството“, вели Ашмет Елезовски, извршен директор на Националниот ромски центар во Куманово.
Поскапуваат бензинот и дизелот Дизел горивото и нафтата за домаќинствата вечерва по полноќ ќе добијат нова, за 2 денари по литар, повисока цена, додека бензините ќе поскапат за 1 односно за 1,5 денари по литар, зависно од видот на горивото.
Повредени возач и сопатник на „скутер“ во сообраќајка во Куманово Две лица се повредени при судир на скутер и автомобил на ул. 11 Ноември во Куманово.
Викендов казнет 91 возач во Куманово, 18 возеле под дејство на алкохол Полициски службеници од СВР Куманово, викендов спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово казнети се вкупно 91 возачи.
Протестираа дел од вработените во Кумановската болница Вработени во Општа болница Куманово, членови на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, протестираа денеска од 10 до 10.30 часот. Протестот беше за време на паузата, поради што немаше прекин во работата со пациенти.
Црвен крст организира хуманитарен концерт за помош на лицата со оштетен вид Општинската организација на Црвениот крст Куманово вечерва во 19 часот организира хуманитарен концерт во Центарот на култура “Трајко Прокопиев”, а средствата ќе бидат употребени за обезбедување на очила за вид на дечиња од социјално ранлива категорија, како и за реновирање на просториите на Здружението на слепи лица во Куманово.