×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Автобуската станица е срам за градот

    29.04.2012 22:00 | KumanovoNews
    Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП - Куманово

    Автобуската станица е срам за градот

    Што ве нервира во Куманово?

    Во Куманово ми пречат оние работи со кои се соочува секоја урбана средина- сообраќајниот метеж и немањето сообраќајна култура,пешачкиот премин во градот како да не постои, пренагласената изградба на станбени објекти, дефицитот од забавни и културни случувања во градот.

     Ми пречи немањето речиси никаква велосипедска патека во градот, ме нервира тоа што многу луѓе ја критикуваат екологијата во градот а дворовите пред нивните згради и куќи се запуштени и неодржувани.

    Што би смениле во градот?

    Видете, Куманово како град е проектиран за многу помал број на луѓе. Големиот сообраќаен метеж, станбени блокови каде од вашата кујна гледате во спалната на комшијата, сокаците кои ги претворивме во улици, макар биле тие и едносмерни само покажуваат дека на Куманово му е потребна стратегија како и во која насока градот ќе се развива во наредните 5 до 50 години. Факт е дека го надминавме капцитетот на градот, и мислам дека донесувањето и реализација на еден ваков документ е повеќе од значајно и тоа ќе биде вистински државнички потег. Се друго е чиста политика.

    Што никогаш не би покажале на пријателот што прв пат доаѓа во Куманово?

    Што не би му покажал на пријателот што прв пат доаѓа во Куманово хмм... тоа најверојатно би била автобуската станица која е во една катастрофална положба, меѓутоа за жал тоа е првата слика на секој оној што влегува во Куманово, а знаете како велат- нема втора шанса за прв впечаток. Впрочем и самиот натпис “Аутобуска станица” на нејзиниот влез сам по себе доволно говори.

    Од што се срамите?

    Се срамам од тоа што не научивме дека промените што ги бараме во нашата околина треба да започнат од нас самите. Се срамам што за една обична процедура, како што е обновување на лична карта или патна исправа, каде во секоја европска земја се потребни максимум 2 часа, тука ако ја добијам за помалку од 2 месеци, треба цело друштво во кафана на честење да го носам. Се срамам што се отуѓивме едни од други, што станавме летаргични, се срамам што дозволивме да ни ги извртат вредностите и да ни се сервираат некои вредности каде, партиската книшка е на прво место а се друго е помалку битно.

    Со што се гордеете?

    Морам да кажам дека ниеден спортски натпревар во градот нема да биде со таков силен впечаток без навивачката група Кумани. Верувам дека поради целата таа атмосфера на спортските натпревари каде Кумани се главни режисери, голем број на граѓани и се одлучуваат да одат во спортската сала. Уште една работа сакам да напоменам за навивачката група. Кога се случи убиството на Мартин Нешковски, ниедно граѓанско здружени или пак невладина организација не се осмели јавно преку мирен протест да го изрази својот револт, Кумани тој ден беа на плоштадот во Куманово. За тоа- respect. Кога све веќе кај оние работи кои ме прават горд кумановец, морам да ги напоменам градбите и архитектурата на Антонов и Коруновиќ. Куманово е среќно што овие личности се дел од неговата историја.

    Што го прави Куманово поинакво од другите градови?

    Па тоа е лесно, според мене тоа се 3 главни работи- духот на кумановци, кумановската кујна и кумановските жени. Инаку она што му дава специфичен белег на градот мислам дека се маалата и малскиот начин на живеење. Во Куманово има многу маала и секое од нив има своја приказна, свои ликови кои нема да ги најдете на ниедно друго место. Секое маало има нешто по што е специфично, препознатливо и различно од другите. За жал мислам дека ваквиот начин на дружење се поретко може да се види, затоа што денеска децата порадо времето го поминуваат на facebook отколку на дружење и играње со своите врсници. Кумановскиот дијалект е неизоставен дел од градот и мислам дека е нашиот главен извозен продукт по кој сите не препознаваат.