Пет пожари на сува трева во четири кумановски села
21.11.2026 09:11
| KumanovoNews
Пет пожари на отворено биле регистрирани во текот на вчерашниот денот на подрачјето на општина Куманово.
Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала во селата Романовце, Проевце, Тромеѓа и Кучкарево.
Во Романовце биле регистрирани два пожара, првиот од 11:35 до 12:35 часот и вториот од 14:30 до 16 часот.
Во Проевце, кај месноста Пироќански ниви, пожарот избувнал околу 14:20 часот, а бил изгаснат до 16 часот.
Во Тромеѓа пожарникарите интервенирале од 17:20 до 17:55 часот, додека во Кучкарево интервенцијата траела од 17:55 до 19:40 часот.