Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Срѓан Ивановски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ му сметаат раскопаните улици и сообраќајниот хаос, но горд е што го зборува дијалектот на неговите предци
Во Куманово, како граѓанин на овој град, ме нервираат валканите улици, исто колку и раскопаните и неасфалтирани улици во централно градско подрачје, сметот и недоволната грижа за еколошките потреби на граѓаните во развивањето и функционирањето на градот. Ми смета и сообраќајниот хаос, особено во летниот период, кога печалбарите се враќаат на летен одмор дома.
Во градот најпрво би требало да се променат многу работи што ќе донесат поквалитет живот на младите, за да тие своето знаење, образование, креативност и енергија ја употребат во својата општина.Да придонесат за подобар живот и на останатите граѓани.
Никогаш не би сакал да ги види раскопаните и каллива улица, особено ако се наоѓаат во централното градско подрачје, а ние мораме да поминеме по нив за да дојдеме таму кај што сме тргнале. Расфрлан смет од контејнер на улица и насобрани кучиња скитници околу него, не би сакал да ги види некој од страна. Затоа, секогаш барам некое алтернативно решение, друг излез од таквата ситуација, се со цел пријателот да не види каква е моменталната состојба во одредени сегменти од урбаното живеење во градот.
Најискрен и директен ќе бидам во одговорот на оваа ваше прашање, а тоа е дека најповеќе се срамам од споменикот на плоштадот Батко Ѓорѓија, кој е симбол на Куманово. Не верувам дека многу кумановчани ќе се согласат дека симбол на нашиот град е токму Батко Горѓија, или ако сакате, по тоа дека сме препознатливи. Куманово низ годините наназад имало и ќе има луѓе, кои можат да бидат симбол на градот, далеку препознатливи, и кои ги положиле нивните животи за слобода и за развој на нашата Општина.
Се гордеам со тоа што живеам во најголемата локална самоуправа. Најголемата општина во нашата држава. И тоа што зборувам на еден специфичен дијалект во секојдневна комуникација со луѓето, дијалект кој го зборувале моите предци, кој е и малку необичен и малку повеќе различен од останатите говорни подрачја во државата.
Се работи за најголема единица на локална самоуправа во Република Македонија и има многу места, многу капацитети, кои би можеле да бидат посетени од луѓе кои за првпат доаѓаат во нашиот град. Тоа е и предноста од повеќето помали градови, во тоа е и разликата. Од тоа и нашата општина е поинаква од останитите општини од нашата држава.
Во Куманово луѓето имаат доста места каде што можат да го поминат своето слободно време, да направат мала прошетка низ градот, да се релаксираат и добро да се забавуваат затоа што кумановчани важат за ведар шеговит народ и за доста гостопримливи домаќини.