×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово е прочуено по шегобијност и гостопримливост

    29.06.2014 22:00 | KumanovoNews

    Интервју Светлана Цветковска, член на Друштво на писатели Куманово

    Куманово е прочуено по шегобијност и гостопримливост

    1. Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Одговорот ќе го започнам со неколку стиха од една моја песна :
    ''Погледот е вперен кон градот.
    Првите светилки мамат насмевка.
    Светлосината боја на небото е
    проткаена со последната пурпурна боја на залезот.
    Морето покриви е прошарано со бледата светлина на светилките.''

    Бидејќи живеам во највисоката зграда во центарот на градот можам да забележам многу работи и многупати размислувам за животот во мојот град. Јас припаѓам на генерација која стана сведок на настани од претходниот општестевен систем и настаните од оваа сегашно време. Затоа мојата генерација се најде во расчекор помеѓу минатото и сегашноста. Малкумина се вклопија во настаните и промените што ги донесе денешницата. Граѓаните барајќи егзистенција за семејствата го напуштаат градот и заминуваат на работа во Ирак, Авганистан и секаде по светот. Таа трка донесе многу негативни појави како на пример отуѓеност и некаква летаргија која што се гледа на лицата на луѓето. Нема радост и насмевки.

    2. Што би смениле во градот?

    Многу нешта би сменила. Како прво би ги заштитила и обновила старите куќи бидејќи тие се нашето културно и историско обележје. Би ги сменила фасадите на зградите и би внела живост. Би ги обновила двата градски парка, би сакала да има повеќе пешачки и велосипедски патеки. Треба да има повеќе клупи во центарот, треба обнова на Автобуската, како и на Железничката станица. Културата во градот е на многу ниско ниво. Од двете кина не е во функција ни едно. Иако кумановскиот театар е прочуен самата зграда е во лоша состојба. Нема базен, спортски терени, јавни вецеа. Иако имаме многу познати и еминентни имиња од Куманово било тоа да се актери, музичари, пеачи, поети, писатели, сликари, по повод некој празник се канат гости од странство на кои им се исплаќаат баснословни суми наместо да се вложи за тоа што недостасува ,бидејќи многу работи се почнати, а недовршени. Ни фалат инвестиции за да се подобри стандардот на граѓаните и да се намали невработеноста. Треба да се врати сјајот на борбено Куманово за да биде пријатно место за живеење.

    3. Каде ќе прошетате пријател кој прв пат доаѓа во Куманово?

    И јас се прашувам каде? Единствено место во градот е Плоштадот или некој етно ресторан каде може да се проба традиционалната кујна. Пријателот би го прошетала надвор од градот во меморијалниот центар Пелинце и мегалитската опсерварторија Кокино.

    4. Што не би покажале на гостин кој прв пат доаѓа во градот?

    Кога би сакала да го прошетам гостинот до Спомен-костурницата, која е оставена на забот на времето сигурно би се откажала од идејата, бидејќи за да стигнеме дотаму треба да поминеме низ Средорек кој претставува депонија. Како да се прошетаме на градскиот кеј, а да не не загуши смрдеата од реката и воедно не може да не се забележи ѓубрето на почетокот на населбата Перо Чичо.

    5. По што Куманово е посебно и се разликува од другите градови?

    Куманово е посебно по својата местоположба и претставува раскрсница. Куманово е град првоборец и е втора по големина општина во Македонија. Посебно е по Тумбата и четирите бандери и секако нашиот Батко Ѓорѓија. Се разликува по специфичниот дијалект и прочуената шегобијност, отвореност и гостопримливост.