×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Куманово му е доста од Батко Ѓорѓие!

    26.01.2014 23:00 | KumanovoNews

    Откако пред речиси една година за малку ги загуби изборите за градоначалничкото место во Куманово, доктор Зоран Ѓорѓиевски, тогашен градоначалнички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и главен ривал на актуелниот прв човек на градот, сега, од позицијата на член на извршниот комитет на партијата, жестоко го критикува „лошото менаџирање“ со градот во изминатава година. Меѓу другото, тој тврди дека на барање од Министерството за сообраќај и врски до општина Куманово да достави конкретни проекти за реализирање во областа на инфраструктура, општината Куманово негативно одговорила.

    На Куманово му е доста од Батко Ѓорѓие!

    По завршување на локалните избори не излеговте јавно да се заблагодарите на граѓаните што ви ја дадоа поддршката, а не се појавувавте ниту на партиските прес-конференции? Поради што одлучивте да се повлечете извесно време?

    Ја користам оваа пригода преку вашиот портал да им ја честитам Новата година на сите граѓани на Куманово, а на граѓаните од православната вероисповед и изминативе Божиќни и други христијански празници, со желба за  здравје и среќа на нив и нивните најблиски. Би сакал да ве исправам, јас на мојот facebook профил на сите мои подржувачи јавно им се заблагодарив за нивната поддршка, а поради сите оние случувања во вториот круг за кои тогаш нашите граѓани делумно беа свесни, а делумно се освестија подоцна, не бев во можност да го направам тоа преку другите медиуми. Сепак, ја користам оваа можност, повторно да им се заблагодарим за целокупната доверба што ми ја укажаа и имаа верба во мене како човек кој понуди нешто ново на политичкото поле во нашава општина.

    Од оваа дистанца, што се смени меѓу двата круга на гласањето и како се случи речиси добиени избори да ги изгубите?

    Сведоци бевме и ние активните актери, а и граѓаните на Куманово на едни валкани локални избори од страна на нашиот политички конкурент и сведоци бевме дека што повеќе јавно не напаѓаа, на терен сите валкани активности беа застапени за да на било кој начин се дојде до победа. Од моја страна можам да кажам само едно јас Д-р. Зоран Ѓорѓиевски најодговорно тврдам дека секој глас што го добив во локалните избори е чист како солза, а не знам дали истото можат да го кажат и моите политички опоненти. Сепак во животот приоритет давам на достоинството и човечноста како атрибути кои морат да се задржат пред победа по било која цена, а цената полека секој ден ни се испорачува со камата, за што граѓаните се многу свесни а не ми е сеедно бидејќи јас и моето семејство продолжуваме да живееме во овој град и сме дел од овој град.

    ВМРО-ДПМНЕ во Куманово првпат постигна толку високи резултати. Сметате ли дека тоа беше заслуга на вашата кандидатура за градоначалник, или пак, на граѓаните им здодеа владеењето на СДСМ?

    Сметам дека граѓаните како живи сведоци на континуираното владеење на СДСМ во овој град ги согледаа нивните можности и капацитети, меѓутоа со моето излегување на политичката сцена добија можност да видат една визија за ново Куманово и со гаранција од мојата „лична карта“ како репер дека сето тоа е остварливо. Згора на се програмата со која настапував беше направена според потребите на граѓаните и со реална финансиска конструкција за нејзино остварување. Да не заборавиме дека ударна тема беше индустриската зона со чие остварување во Куманово ќе имаше нови вработувања и ќе течење нова енергија. Дека е тоа така сведоци сме од отворање на силните фабрики низ општините каде што ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт.

    По изборите дел од вашите политички опоненти и партиски противници ве отпишаа од политиката и тврдеа дека ја завршивте кариерата само што ја започнавте. Но неколку месеци подоцна бевте избрани во највисокото партиско тело, извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Дали тоа е награда за постигнатиот успех или подготовка за повисока функција?

    Врвот на партијата на чело со претседателот г-дин Никола Груевски знаејќи ги и согледувајќи ги моите можности како човек и како политичар во едно поново време имаа доверба да ме стават за кандидат за градоначалник за која доверба искрено мислам дека ја оправдав. Ценејќи ги постигнатите резултати и целокупната моја ангажираност во локалните избори, одговорното настапување со членството и со останатите граѓани од Куманово, сметаа дека во овој момент и оваа нова функција во извршниот комитет што ми е доверена ќе ја оправдам.

    Бидејќи сте член во најмоќното партиско тело во кое членуваат сите министри и највлијателни луѓе од партијата, ќе „притискате„ ли да се реализираат проектите што ги промовиравте на локалните избори? Има ли нешто конкретно договорено и на што давате приоритет?

    Со поразот на локалните избори нашата ангажираност за градот не престанува. Имаме направено една ревидирана програма за реализирање на инфраструктурните проекти за општина Куманово, за кои ќе се залагам да се реализираат. Сепак не треба да заборавиме дека доколку нема добра волја од страна на општината сето ова ќе оди тешко. Имаме информација дека на барањето од Министерство за сообраќај и врски до општина Куманово да достави конкретни проекти за реализирање на инфраструктура, општината Куманово негативно одговорила.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски ја обвинува Владата дека постојано го опструира неговото работење на штета на интересите на граѓаните. Општинската каса е блокирана по судска пресуда, Куманово со години наназад не добива средства за капитални инвестиции, Министерството за финансии не дава согласност Општината да земе кредит, премиерот и повеќето министри никогаш не дошле во локалната самоуправа, се само дел од обвинувањата. Ќе ги имаше ли Општината овие проблеми доколку Вие бевте избрани за градоначалник?

    Причината за блокада на општинската каса и на касите на јавните претпријатија ја гледам во лошото менаџирање кое трае години наназад (најмалку 3 мандати). Оправдувањата од типот „блокада поради судска одлука“ за општина која се вбројува меѓу општини со највисоки буџети во Македонија не држи вода. Бидејќи тој судски процес трае со години и еден добар менаџер сите опции би ги зел во предвид. На прашањето зошто Министерството за финансии не дозволува на општината да земе кредит можам да одговорим „која е логиката на презадолжена и блокирана општина да и се дава можност дополнително да се задолжува за реализирање на проекти чија вредност и за Р. Македонија се големи?“.

    Заврши конкурсот за избор на претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според Вас каков човек треба да дојде на чело на огранокот за да го обедини членството?

    На местото координатор на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Куманово би требало да биде човек со психофизичка зрелост, кој е докажан авторитет во градот и во партијата, кој не е член на ниедна фракција во партијата, човек респектиран од сите, кој ќе ги обедини сите струи и фракции во досегашното политичко постоење на оваа партија во градот и кој новата позитивна енергија која проструи од овие локални избори ќе знае да ја искористи во понатамошното функционирање на оваа партија.

    На изборите во март се надевате ли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го повторите успехот од локалните избори или очекувате убедлива победа и во Куманово?

    Во основа како човек секој пат сум оптимист така да и за претстојните избори во март – април дали претседателски или предвремени парламентарни сигурен сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. За ова тврдење стојам не поради емотивни причини туку поради објективните понудени и реализирани програми со кои настапува мојата партија. Со искуство во демократијата од 24 години граѓаните научија да разликуваат што се тоа изборни ветувања а што се реализирани дела и знаат во животот која опција треба да ја изберат. Дека е тоа така потврдува скоро 8 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Р. Македонија.

    Освен како врвен хирург, многу малку се знае за Вас приватно. Кој е Зоран Георгиевски кога не е политичар и лекар?

    Д-р Зоран Ѓорѓиевски покрај тоа што е врвен лекар е и обичен човек на кој животот на семејството, неговото живеење во овој град во кој активно учествува и на приватен и на професионален план му се приоритетни. Човек кој е одговорен и спрема семејството, спрема пациентите кои ми се второ семејство и спрема сите останати граѓани од овој град со кои го проживеав поголемиот дел од мојот живот, така да кажано во кумановски жаргон „К’д би било такмичење за Батко Ѓорѓију, моју апликацију нема ни да гу примив, а и мислу дека на Кумановци им е доста од тија Батко Ѓорѓие што ни га водив град“