×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Куманово му требаат нови работни места

    24.02.2014 23:00 | KumanovoNews

    Интервју Весна Симова, претседател на Занаетчиска комора на Македонија

    На Куманово му требаат нови работни места

    Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Не ми се допаѓа амбиентот во кој што живееме. Замреноста на градот воопшто, без никаков културен живот и културни настани, спoртски објекти без спортски настани ( или без доволно), руинираните објекти во центарот, старите фасади, Чоробенско ќоше, сообраќајниот хаос во централното градско подрачје. Исто така голем минус на градот е што веќе немаме квалитетно кино, па доколку сакаме да видиме некоја премиера на филм, единствено што ни останува е да одиме во Скопје.

    Што би смениле во градот?

    Одговорот во најголем дел се наоѓа во одговорот на првото прашање. Исто така иако ова повеќе спаѓа во подобрување би го посочила и осветлувањето на градот, недостиг на тротоари и велосипедски патеки, паркови и зеленило, цветни површини, спортски терени, а најважно е секако нови работни места. Тоа би било промена , што во овој момент му е најнеопходна на Куманово. Исто така Kуманово како најголема општина во Македонија нема свој државен универзитет, што ги приморува студентите да одат во Скопје, Штип или други градови да се стекнат со високо образование.

    Каде ќе прошетате гостин кој првпат доаѓа во градот?

    Бидејки во градот нема многу што да се покаже би го прошетала во Етно село, Визијана, Кокино, за жал сето тоа е надвор од градот. Во градот би ги одвела во некој ресторан каде што ќе можат да ги пробаат македонските специјалитети.

    Што не би покажале на пријател кој првпат доаѓа во Куманово?

    Дефинитивно Автобуската станица со својата околина, но ова е иронично бидејќи скоро сите што доаѓаат во Куманово мора да поминат тука, а не би го покажала ни кејот. Она што требаше да биде гордост на Куманово, сега е напуштено, руинирано, неодржувано, коритото на реката Кумановка претворено во депонија, искорнати клупи, скршени канделабри... Впрочем и самите сте сведоци на неговиот изглед.

    По што Куманово е посебно и се разликува од другите градови?

    Куманово се разликува од другите градови по духовитоста, богатата историја и по мајтапот. Нешто што е многу важно да се спомне е дека тука се наоѓа неолитската опсерваторија Кокино, која е една од четирите најстари опсерватории во светот. Куманово е мој роден град, го сакам градот, ги сакам луѓето во него и би сакала да се гордеам со Куманово!