×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На младите во Куманово им треба перспектива

    23.07.2013 09:21 | KumanovoNews

    Интервју Лидија Манасиевска, психотерапевт

    На младите во Куманово им треба перспектива

    1. Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Не ми се допаѓа тоа што градот е нечист, нема ред во сообраќајот, нема добри улици пред се во центарот, за населбите да не зборувам. Културата на народот е на ниско ниво во секој сегмент. Вработувањата се по партиска основа и заслуга. Многу млади луѓе бегаат токму заради тоа, заради немање перспектива долгорочно гледано. Нема вложувања во приватниот сектор, нема сигурност во работата. За каква било работа се препраќаат луѓето по познанства, не по квалитет. Не се почитуваат вредности, се оди по познанство и функционира механички.

    2. Што би смениле во градот?

    Би ја подобрила хигиената во градот, редот во сообраќајот, водоснабдувањето, сообраќајниот метеж. Културно забавниот живот на младите, работен однос за нив т.е вработувања, но не по партиска основа, туку по способности. Најмногу треба да се подобри животот на младите воопшто, да се изградат нови институции, постоечките да се уредат. Да се изградат кружни текови на булеварите, да се постави сигнализација на улиците.

    3. Каде би прошетале гостин кој првпат доаѓа во Куманово?

    Би го прошетала во центарот на градот, на Кеј, до Етно село, до опсерваторијата Кокино.

    4. Што не би покажале на гостинот кој доаѓа од страна?

    Сметот на улиците, сообраќајниот хаос, некултурата наша, но тоа се чувствува, тешко прашање.

    5. По што Куманово е посебно и по што се разликува од другите градови?

    По менталитетот на луѓето, по издржливоста наша, по талентот на младите луѓе, успехот на поединици кои со години работат по светот. Има и повеќе приватни фирми кои успешно работат.