×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ни фали култура на однесување и живеење

    09.03.2015 23:00 | KumanovoNews

    Интервју Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во ОУ „Кочо Рацин“

    s

    Ни фали култура на однесување и живеење

    Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Она што најмногу ми пречи е хаосот во сообраќајот. Немаме средени пешачки патеки на кои можат да се движат пешаците, а ако ги има секогаш се оштетени од пречестото ископување на улиците. Ни требаат поубави и добро опремени спортски терени, подолги велосипедски патеки, патеки за трчање, за прошетка на мали деца, детски игралишта... Ми пречи нашата некултура, бидејќи и онаа малку што ќе се направи многу бргу се уништува, како опремата на Градскиот кеј, детското игралиште во Соколански парк и слично. Хигиената е на ниско ниво, не поради неводење грижа од институциите, туку поради нашата некултура. Реката Кумановка неколку пати ја чистеа, но таму постојано има отпад, од шишиња до кревети. Мора да се преземе некаква контрола со казни. Наместо да биде најпретставително место, реката е огледало на нашата култура.

    Што би смениле во градот?

    Во градот би направила пешачка зона во центарот, со многу клупи за одмор, канти за отпадоци, дел во кој мајките би можеле слободно да ги пуштат своите деца или каде би можеле да поминат со колички без да се плашат дали ќе бидат повредени. Сообраќајот би го пренасочила на заобиколница, возилата да немаат пристап до центарот и плоштадот, а секој може да оди барем неколку метри пеш. Би засадила повеќе дрвја, жардињери, повеќе зеленило и штандови на кои би се продавала литература на отворено. Би направила штанд за замена на книги. И најважно, срамота е во ваков голем град да немаме современо кино, дискотека, почести театарски представи и за деца и за возрасни. На градот му недостигаат кутурни збиднувања кои би можеле да ги анимираат младите генерации, кои навистина немаат каде да го поминуваат слободното време.

    Каде ќе прошетате гостин кој прв пат доаѓа во Куманово?

    Во музеј, во галерија ако има некоја изложба, локалитет Кокино и во кафеана да ја покажам нашата кумановска трпеза. За подобар помин би го одвела во Скопје. Кокино и природата околу него треба повеќе да се популаризира. Има посетители, но нема кој да им објасни, нема никаков услужен објект во близина, потребна е дигитална презентација на местото. Туристичките агенции треба да направат мапа на места кои треба да се посетат: црквата во Старо Нагоричане, Кокино, Етно село или Визијана и секако да се направи некој репрезентативен хотел, но во центарот на градот. Интересен е локалитето Стара Бања, и страшно е што пропаѓа. Има толку кумановци со капитал, а не знаат каде да го инвестираат. Бањата, хотелот Ку-ба треба повторно да заживеат. Лековитата вода треба да се искористи. Природата е прекрасна и со мала инвестиција може да се направи голема добрина на градот, а при тоа некој може и  да профитира.

    Што не би покажале на пријател кој прв пат доаѓа во Куманово?

    Сигурно не би го одвела во близина на Средорек и би ги избегнувала деловите во центарот каде постојано нешто се руши и се гради без заштита.

    По што Куманово е посебно и се разликува од другите градови?

    Кумановската гостопримливост надалеку е позната. Ние сме добри домаќини и ги прифаќаме луѓето од страна. Имаме познат кумановски јадења кои треба да ги промовираме и хумор кој со генерации е својствен само на кумановци. Имаме прекрасни национални кафеани во околината и центарот на градот, но недостига среденоста, хигиената, односно културата на однесување и живеење.