×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од почит кон Тоше престанав да ја пејам „Зајди, Зајди“

    13.09.2010 22:00 | KumanovoNews

    Легенде за првпат се претставија пред кумановската публика на Тамбурашкиот фестивал во Куманово. Групата го негува стилот на старите македонски, српски и босански песни, но најмногу е препознатлива по извонредните вокални способности на пејачот Иван Милинковиќ.

    Од почит кон Тоше престанав да ја пејам „Зајди, Зајди“

    По изведбата на македонската песна „Јано мори“, публиката остана без здив, а Милинковиќ ни откри дека срцето му е на југот и затоа нашите песни ги пее како да е Македонец.

    Со години наназад на нашите големи концерти во Сава центар традиционално присуствуваат и Македонците. Јас секогаш посебно ги поздравувам со песна и тие стануваат да ме отпоздрават. И во Белград и овде најважното е тоа што Македонците знаат да препознаат што е квалитет и она најдоброто од групата Легенде. Песната и музиката постоји пред се поради емоцијата и пораката што ја праќаме. Тука не треба многу мозок, едноставно пуштете го талентот и препуштите се на емоциите. Овде луѓето не не знаат колку заслужуваме, поради бариерите што ги имаше порано. Сме гостувале само двапати во Македонија, но сега е едно друго време и полека се создаваат услови за поголема соработка. Во преговори сме да направиме еден голем концерт во Скопје до Нова година.

    Пеете македонски песни. Која најмногу ви се допаѓа?

    На мојот репертоар има многу македонски песни што ги пеам. Има песни кои многу ги сакам и ми лежат. Ги пејам како да сум Македонец. Тоа го велат и моите обожаватели, Македонци додека ме слушаат. Тоа се чувствува, мене срцето ми е на југот во: Македонија, Врање, Грција. Последниве години на моите настапи во Србија многу често завршувам на бис со песната „Јано мори“, или „Кираџиче јабанџиче“. „Зајди зајди“ е нешто што многу го пеев. Но откако замина нашиот Тоше јас одлучив од почит кон него нешто да жртвувам. Како кон мој колега и добар пријател си реков дека никогаш повеќе нема јавно да ја пејам „Зајди, зајди“. Тоа е мој долг кон него и тоа го кажувам на сите концерти. Публиката тоа го прифаќа со овации и солзи во очите. Моето семејство многу го почитуваше, бидејќи беше млад пејач, а премногу талентиран.

    Подготвувате ли нешто ново ?

    Досега имаме снимено 15 албуми, а се подготвува шеснаесетиот и треба да се појави во октомври. На него ќе објавиме и неколку песни од репортоарот кој го изведуваме на концертите, како песната „Несаница“ и нешто од Тома Здравковиќ.

    Планирате ли соработка со некој македонски пејач?

    Со нашиот другар Наум Петревски разговараме за соработка која можеби набрзо ќе се случи. Тоа ќе биде изненадување. Ќе правиме дует за српскиот и за македонскиот пазар и заеднички настапи, но за тоа понатаму. Тој е тука за да се видиме, а потоа и да се договориме за конкретни проекти.

    Вие сте оперски пејач, сте работеле во опера. Како се одлучивте да се посветите на комерцијалната музика?

    Таа приказна со операта траеше 9 години, имав успешни настапи и повеќе соло рољи. Во 1991 година на Млади оперски надежи на Балканот пеев во МНТ и од тогаш тргна мојата кариера по нагорна линија. Но состојбата во Белградската опера и воопшто во оперскиот свет кај нас е таква каква што е и јас по една година пауза се вратив во Легенде. Сфатив дека ако останам во операта ќе бидам еден од милион пејачи во светот кои пеат на зададено музичко дело, а ова што го работат Легенде е нешто наше, многу оргинално, самостојно, имаме свој печат и бренд. Јас понекогаш поради мојата вокална хигиена пејам и нешто како што е „О соле мио“ и многу други оперски знаци кои се многу тешки.

    Како гледате на експанзијата на фолк музиката во Србија која ја потиснува староградската и изворната музика?

    Музиката на групата Легенде може да се вброи во една урбана класична народна музика и плус градска музика, романса, шансона, како сакате наречете ја. Нашиот опус е многу поширок отколку на староградската музика, и нашата песна и музика е многу специфична. Во Македонија и Србија завладеаа многу квази пејачи и квази музичари, квази текстови и песни. Се оди на тоа да се направи хит преку ноќ што ќе донесе повеќе пари. Има многу електроника, нешто што се одродило од душата, од срцето, од она што се вика вистинска песна. Меѓутоа и понатаму квалитетната песна си го наоѓа патот до срцето на слушателите. Тоа го гледаме секаде кај што ќе се појавиме, бидејќи се е продадено и се е полно. Верувајте групата Легенди работи 20 години со полна пареа и во седма брзина.