×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Она што беше СФРЈ, сега е ЕУ

    26.07.2010 22:00 | KumanovoNews

    Дражен Жериќ - Жера и неговата  „Црвена Јабука“, по 20 години пауза, минатата недела настапија во Куманово. Љубезен, непосреден и расположен за разговор ги урна предрасудите дека вообразен и недостапен за медиумите. И овој пат се појави во неговиот препознатлив стил - патики „стартки“ и старата фризура, и отворено зборуваше за времето кога поубаво се живееше, поради што жали за распадот на некогашната држава.

    Она што беше СФРЈ, сега е ЕУ

    Јас ги сакам сите промени во животот кои ќе ти донесат нешто подобро. Не гледам дека на некого му е подобро што се распадна Југославија. Целата војна беше поради пари, а најлошо од се е што народот е добар и не размислува кога гласа на изгорите, за кого гласа. Затоа се создава една ситуација во која малите држави како Македонија и Хрватска, наместо сите да живеат убаво, едните живеат многу добро а другите немаат од што да живеат.

    Така да јас жалам за оние времиња кога подобро се живееше, кога луѓето беа среќни и безгрижни. Дали тоа се викаше Југославија, Македонија, Хрватска или Словенија, мене не ме интерсира. За мене е примитивна категорија кога ги делиш луѓето. Ќе ги снема границите за неколку години и неминовно ќе бидеме земја без граници. Сето тоа  со ЕУ е многу смешно. Што беше Југославија ако не унија од неколку земји. Меѓутоа луѓето го користат моментот, медиумите сето тоа го зголемуваат, се помами народот и го добивме ова што сега го имаме.

    Што се случува во вашата кариера откако се иселивте од Босна?

    Јас во 1994 година заминав од Сараево и се скрасив во Макарска.Сега живеам на релацијата Загреб-Макарска. Половина од годината сум во Загреб, останатиот дел  во Макарска. Како и секој музичар, свирам и работам насекаде. Во Македонија ретко доаѓаме, но се надевам дека тоа ќе се поправи. Сега свириме по целиот свет, откако нашите луѓе се раселија насекаде. Одиме во Америка, Австралија, по Европа, Словенија, Србија...Главно многу патуваме.

    Што ве одржава во музиката по сите случувања на естрадата?

    Немам конкретен одговор што точно ме држи. Денеска е време кога секој се занимава со се и сешто. Со политика и спорт, па така и со музика.Такви се времињата. Ова ќе престане кога-тогаш, бидејќи генерално се што нема искрено покритие во себе и нормален темел не е долгорочно. Кога ќе престанат да играат фудбал луѓе кои немаат врска со животот, кога ќе почнат нормални луѓе да се занимаваат со политика за да им биде добро на сите, а не само на нив, кога ќе свират искрени музичари, тогаш ќе биде подобро. Денеска се слушаат песни со лош квалитет, а најмалку има рокерол.

    Пред некој ден Цеца собра 120 илјади публика во Прилеп?

    Времињата се такви и мене не ме чуди тоа што Цеца и таквите собираат по 120 илјади луѓе, затоа на сите ни е вака во животот. Јас мислам дека има и други луѓе кои слушаат поп-рок и ја ценат урбаната сцена. Се надевам дека такви има и во Куманово.

    Кога последен пат пеевте во Куманово?

    Последен пат во Куманово сум бил далечната 1988 или 1989 година. Не се сеќавам точно. Знам дека свиревме во Спортската сала. Вечерва ќе направиме добар концерт. Ќе дадеме се од себе ноќта да остане во убаво сеќавање на публиката. Долго несме биле тука, па незнаеме што се случува во Македонија.

    Немате информации што слушаат Македонците?

    Генерално не сме информирани. Од како е медиумскиот простор расцепкан немаме увид што се случува овде. Во февруари настапував во Скопје ама кратко престојував и неможев да разберам каква е музичката сцена и што се слуша.

    Подготвувате ли нов албум?

    Ние секои две години издаваме нов албум. Последниот го издадовме пред година ипол, а следниот го подготвуваме за во пролет наредната година. Ние сме секогаш во стилот на здрав рокенрол, без медиски трикови, ќе има само квалитетни песни и ништо повеќе. Така е последните 25 години.

    Што се случува во приватниот живот?

    Ништо посебно. Живеам како и сите останатии луѓе на овие простори.