×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Посебен е шмекот на Куманово и кумановци

    25.05.2014 22:00 | KumanovoNews

    Интервју Гордана Андоновска, поетеса

    Посебен е шмекот на Куманово и кумановци

    1.Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Секако Куманово е градот кој најмногу ми значи, но не можам да останам рамнодушна на стагнацијата на Куманово во последниве години. Лично ми пречи културната уназаденост, нивото на свесност на поединци , нефункционирањето на хуманоста, воопшто немање смисла за баланс на нештата. А глобално сообраќајниот хаос, фасадите во распад, мислам на институционалните објекти и зградите во срцето на градот, нехигиената, прикрпените улици и воопшто сликата на неидиличен призор на град кој има голема традиција.

    2. Што би смениле во градот?

    Мислам дека не сум компетентна за да кажам што би сменила во градот, но лично сметам дека има разлика во нештата и дека доаѓа време на промени. Секако се надевам и дека ке имаме можност да ги увидиме разликите наскоро и да почнеме да се движиме кон нагорна паралела.

    3. Каде ќе прошетате гостин кој прв пат доаѓа во Куманово?

    Сигурно дека Куманово и околината изобилуваат со доста знаменитости кои вреди да бидат покажани, но во некое друго лице. Во ваква состојба гостите ке си ги прошетам само во некој од нашите традиционални ресторани во и надвор од градот, бидејќи тие се добар доказ дека кога некој ке вложи добива и повратен бенифит или ке ги однесам на кафе во некоја од нашите гратски кафетерии.

    4. Што не би покажале на пријател кој прв пат доаѓа во градот?

    Подобро би било да ме прашавте “Што би покажала“ ? А јас ке ви одговорев жално е што нема нешто карактеристично да се покаже, нема ама навистина нема нешто кое би оставило впечаток, траг, кое би ја прикажало големината и бојата на овој град.

    5. По што Куманово е посебно и се разликува од другите градови?

    За мене е посебен шмекот на Куманово и кумановци. Боемството, традицијата, кумановските специјалитети, духот на народот, шегата како една од нашите главни карактеристики. Куманово е град кој дише, народот сака да живее по урнекот кој го носиме со гените од дедовците и прадедовците... Со еден збор ние сме посебен народ, многу поширок и спектарно многу различен од другите градови.