×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Редовно се слушам со Цеца

    20.11.2011 23:00 | KumanovoNews

    Српската фолк-ѕвезда Аца Лукас (43), мината недела, одржа голем концерт на Градскиот плоштад Куманово, по повод Денот на градот. Спонтан,  искрен и расположен за разговор, некрунисаниот крал на сплавовите зборуваше за својата популарност, децата, грешките во животот, како го прославил роденденот и зошто го чуваат телохранители.

    Редовно се слушам со Цеца

    Што ви донесе зрелоста. Кои грешки од животот не би ги повториле?

    Има многу работи во животот, што секој човек кога ќе го врати филмот ќе види дека ги направил погрешно.Но јас ништо не би променил, бидејќи тоа се работи на кои човек се учи. Не постои човек кој целиот свој живот постапувал исправно. Мои најголеми грешки биле моите пороци, но и тоа е некоја школа. Но, за среќа сега сето тоа е зад мене.

    Неодамна станавте татко по четврт пат. Како се снаоѓате во новата улога на овие години?

    Морам да признам дека сега најдобро се снаоѓам. Сега изгледа сум најзрел.И помагам на сопругата во обврските, а најмногу сакам да ја хранам Викторија.Сопругата ја пресоблекува, а јас и давам да јаде. Таа има 2,5 месеци и е добро бебе. Штом јас ја хранам тоа значи дека не се буди често ноќе. Велат дека личи на мене, а јас повеќе би сакал да личи на мајка и бидејќи е поубава. И другите мои деца повеќе личат на мене, отколку на  нивните мајки. Незнам дали сте го виделе најновиот спот, ама мојот постар син е оргинал, фотокопиран јас. Направивме нова песна за која снимивме спот и децата мои се во него. И вториот син кој живее во Германија личи на мене, а другата ќерка личи на мајка и. Ако се сетив на сите.

    Дали некој од нив тргна по вашите стапки?

    Не се. Ќерка ми свиреше клавир, но престана. Постариот син во последната пола година постојано ми зборува дека би сакал да го работи тоа, но не сум сигурен колку е талентиран. Ако не е, нема да го туркам во нешто што не е за него. Сите уште учат, ќерка ми студира, а најмалиот син кој има 12 години игра тенис и тоа многу успешно го прави.Можеби ќе биде тенисер.

    Сте се женеле три пати, ќе ставите ли крај на женидбите. Дали оваа сопруга е жена на вашиот живот?

    Тоа никогаш не се знае. Јас не можам да тврдам, ниту пам можам да сум сигурен до крај.Тоа е живот и не може ништо да се предвиди. Мене сега ми е најубаво, ама колку тоа ќе трае. Јас би сакал да биде за цел живот.

    Пријатели сте со Цеца Ражнатовиќ. Се слушате ли откако таа е во куќен затвор?

    Да, постојано се слушаме на телефон. Добро го подноси сето тоа. Таа е голем борец и лаф, и многу добро се справува со новонастаната ситуација.

    Почнавте како рокер. Зошто поминавте во фолк водите?

    Јас не преминав никаде. Јас само го продолжив својот музички пат.Ја сакам секоја музика, бидејќи во секоја музика има нешто добро.Јас на некој начин ги споив. Моите концерти многу потсетуваат на рок-концерти, така да не гледам дека нешто претерано сум побегнал во некој друг правец.Јас првенствено се занимавам со музика и исполнет сум со она што го работам.

    Во последно време имате вишок на килограми, преземате ли нешто да се вратите на старата килажа?

    Почнувам утре со диета. Се шегувам, тоа веќе неколку месеци си го велам. А сеуште не сум почнал. Немам појма што ќе правам, ама морам нешто да преземам под итно, бидејќи почнав многу да се дебелеам. Незнам дали е до годините, или поради смирениот живот, сега и послабо излегувам, но очигледно дека ми прија.

    Пред неколку години бевте нападнати,по што ангажиравте телохранители затоа што не се чувствувавте безбедни. Имате ли сеуште телохранители?

    Телохранители имам, но не ги ангажирав тогаш, туку ги имав многу порано. Случајност беше што нив ги пуштив да си заминат дома, а непланирано испадна да излезам од станот. Имам телохранители, не затоа што мислам дека некој сака да ме убие, туку затоа што има такви типови, разни болни луѓе, кои можат да те доведат во непријатна ситуација. Да имам страв дека некој сака да ми наштети, не би бил сега овде. Ако некој сака да те убие неможат да те спасат ни 100 телохранители.

    На 3 ноември го прославивте 43 роденден. Нaправивте ли луда журка?

    Тогаш беше мојата најдобра журка, бидејќи таа вечер имав концерт во Арена во Белград. Имаше над 20 илјади луѓе. Одржав феноменален концерт,и јас сум презадоволен. Ова ми беше пети концерт во Арена, но сметам дека овој беше најдобриот.

    Што има ново во музиката. Кога ќе издадете ново цеде?

    Новото цеде веќе е пола готово, и ќе го завршам до крајот на годината. Остана уште да ги отпејам песните. Автори се моите долгогодишни соработници Марина и Фута. И на ова цеде ќе уфрлам нешто ново, во однос на предходното, но нема да побегнам од препознатливоста на Аца Лукас.

    Како успевата толку долго да останете на врвот на естрадата?

    Немам некоја прецизна формула, веројатно тоа е големата љубов кон музиката. Секако дека тука има влијание и талентот, но и напорната работа. Меѓутоа првенствено љубовта кон тоа што го работам. Не ми е на прво место матерјалната страна, туку задоволството.

    Може ли добро да се живее од вашата професија.

    Да. Јас живејам одлично, и тоа не го кријам никогаш.Некогаш се живееше и подобро, но и сега не лошо.Таква е состојбата во земјата, така да никој не живее како порано. Ама јас живејам добро и задоволен сум.

    Колку често настапувате во Македонија?

    Публиката овде е феноменална. Не затоа што сум тука па да ја фалам. Вие знаете дека јас немам влакна на јазикот, не сум тип кој сака да се умилкува. Имав неколку концерти на Саемот, и еден во салата Арена во Скопје, и секогаш беше неповторлива атмосферата. Зимово бев и во спортската сала во Куманово, и таму беше одлично, како и вечерва на Градскиот плоштад.