×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сакам зеленило, паркови, чист воздух во Куманово

    12.11.2015 23:00 | KumanovoNews

    Интервју Александра Тасиќ, претседател на здружение на граѓани  Центар за рурален развој и младински активист

    Сакам зеленило, паркови, чист воздух во Куманово

    Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Град во кој сум родена, во кој го поминав моето безгрижно детство. Убави спомени. Ретроспектива. Улица , маало и другарчиња. Еден период од мојот живот се сведуваше на тоа. Денот започнуваше со помисла да се излезе на улица и да се играат детски игри со другарчињата од маало. И се тоа беше беспрекорно. Меѓутоа животот тече и се менува. Стануваме возрасни одговорни личности со обврски. Разликуваме лошо и добро, среќа и тага. Ми недостигаат насмевки. Многу насмевки во моето Куманово. Луѓето не се смеат на улиците. Сите некаде брзаат, работат , се движат.  Ретко на улиците на Куманово ке се види насмевка кај народот. Тоа не ми се допаѓа.

    Што би смениле во градот?

    Уф... Многу работи би сменила. Од кај да почнам. Целиот град е изменет. Првин не би сакала на секоја страна да има згради. Во последната деценија во Куманово изникнуваат згради на секоја страна. Сакам зеленило, паркови, чист воздух. Имаме еден кеј кој станува се позапуштен. Би сакала парковите да се обноват. Да имаме каде да излеземе и да прошетаме, а тоа да не бидат локалните кафиќи. Ни недостасува рекреација. Недостасуваат места за млади во секоја смисла на зборот. Немаме доволно локали, младински центри, рекреативни места. Ни недостасува хотел во центарот на градот. Немаме хотел во кој може да организираме поголем настан и кој ке поседува потребни простории за јавни настани. Сообраќајот. Се вози секако само не по правила и прописи. Понекогаш мислам дека сум на рели трка. Булеварите без лежечки полицајци , се вози со голема брзина .  Не се чувствувам безбедно.

    Каде ќе прошетате гостин кој прв пат доаѓа во градот?

    Прашањево ме замисли. Не знам. Единствено место во градот кое е уникатно е ресторанот Баба Цана. Првин треба да го одведеме гостинот да ја проба вкусната храна и специјалитетите на овој ресторан. Пропратено со далеку прочуената македонска ракија и тамбурашката музика. Ако се мисли на знаменитост кои мораат да се видат во нашиот град и не би се пофалила многу. Не сме познати по нешто што не смее да се пропушти.

    Што не би покажале на пријател кој прв пат доаѓа во Куманово?

    Хаха. Не би знаела. Можеби не би сакала да видат дека немаме корпи за отпадоци по улиците. Не би сакала пријателите да шетаат по градот кога од ЈП “Чистота и зеленило“ го собираат сметот. Улиците не се чистат редовно и градот мириса непријатно. И тоа е постојано. Особено во потоплите денови . За зима да не зборувам. Доколку падне снег немаме кај да одиме. Тротоарите не можат да се исчистат со денови. Се молиме сонце да изгрее за да се стопи ледот по улиците.

    По што Куманово е посебно и се разликува од другите градови?

    Е тука можам да кажам дека сме уникатни. Уникатни во нашиот кумановски дијалект. Честопати кога сум со пријатели од други градови апелираат да зборувам на кумановски. Се разликуваме по многу нешта. Она што најмногу ми пречи е што уште сме етнички поделени. Училиштата ни се поделени, места за излегување поделени. Немаме соживот и почитување едни кон други. Примитивно се размислува. Патиме од моментот што ке кажат другите.