×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Среќна сум што ги имаме Кокино и Зебарњак

    18.02.2013 23:00 | KumanovoNews

    Интервју Маја Арангеловска, манекенка во модно студио Црнокрак

    Среќна сум што ги имаме Кокино и Зебарњак

    Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Куманово е мој роден град, и никогаш не можам да кажам нешто лошо, но сепак постојат работи кои не ми се допаѓаат. Почнувајќи од народот кој плука по се, народот кој не знае што е добро, а што лошо. Тоа се луѓе со предрасуди. Но за жал, така е низ цела Македонија. Гледано од воздушен аспект, Куманово е убав град, град кој не е многу голем, а сепак е полн со луѓе, љубов и топлина. Јас како 19 годишна девојка би посакала повеќе дискотеки, поволни места за излегување и добра забава. Немам предрасуди за ништо, но мислам дека годините си го прават своето, па затоа треба да се стави граница, каде и до кога можаат да излегуваат малолетници, тоа ми е можеби единствената замерка.

    Што не би покажале на пријателот кој првпат доаѓа во Куманово?

    Искрено, Куманово не е град од кој посетителите можат да се воодушеват, имаме убави и вреди нешта, но имаме и места што од ден на ден, да не речам пропаѓаат. Самите ние не успеавме да си ги сочуваме вредностите. Среќна сум што сеуште имаме паркови, природа и интересни места за шетање. Но ако ние самите не ги сочуваме за брзо ќе ги немаме. Конкретно, на пријател кој првпат доаѓа во Куманово не би му ја покажала спортската сала, која полека но сигурно се распаѓа, а за жал никој не превзема мерки, да ја поправи и реновира. А ние кумановците секојдневно сме таму, гордо навиваме за нашите спортисти.

    maja

    Каде ќе го прошеташ гостинот кој првпат доаѓа во градот?

    Имаме плоштад кој не е многу голем, но сепак е среден за наш стандард. Па ете, веројатно ќе ја посетиме таа локација. Центар, плоштад и некој интересен кафиќ, да испиеме едно вкусно кумановско кафе.

    По што Куманово се разликува од другите градови?

    Како што веќе кажав, среќна сум што сеуште имаме паркови и природа. Како одат годините, се повеќе се гради и обновува, природата исчезнува. Куманово е убав град, познат како втор по големина во нашата мала државичка. Имаме многу историски градби, кој се интересни за посетителите.

    Со која особеност на Куманово се гордеете?

    Горда сум на нашите спортисти и младите таленти на секое поле. Исто така среќна сум што близу Куманово се наоѓаат Кокино, Зебрњак и уште многу стари вредности кој се уникатни и интересни за сите нас, а секако и за посетителите.