×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стрелаштвото ќе се движи во нагорна линија

    20.09.2012 22:00 | KumanovoNews

    Успехот на Оливер и направи радост на нацијата во овие бурни тешки времиња. Институциите на државата покажаа смелост, желба да корегираат одредени работи- вели Бранимир Јовановски, македонски параолимпиец, тренер и претседател на Македонски параолимписки комитет.

    Стрелаштвото ќе се движи во нагорна линија

    Сте биле на параолимпијада и во улога на тренер и како спортист. Какви ви се импресиите од Лондон?

    На првите четири учествував како спортист, а на последниве две во Пеникг и во Лондон како тренер и претседател на Македонски параолимписки комитет. Чувствата се измешани, апсолутно не се еднакви. Јас ја имав среќата или несреќата како сакате на две параолимпијади во Атина и Сиднеј да бидам во улога на натпреварувач и тренер. Буквално сум ги почувствувал сите аспекти на учество на параолимписки игри. Искрено, многу е напорно да бидете тренер, особено што јас сум тренер на двајца исклучително квалитетни спортисти. Спроведување на завршните фази, подготовка на спортистите, креирањето на тактика за настап, исправање на одредени грешки и делување ментално нашите спортисти да останат цврсти е исклучително тешка работа. Ако се знае дека моите спортисти се натпреваруваат во по три дисциплини, тоа значи дека јас практично одработав шест натпревари и успеав грешките да ги сведам на минимум. Делумно ми успеа, делумно не. Успеа во случајот на Оливера Наковска Бикова, меѓутоа не е случајно. Оливера веќе 12 години има добри резултати и се чекаше само време таа титула да се склопи. Јас сум нејзин личен тренер од почетокот на нејзината кариера и денес. Успеавме да ги пребродиме сите кризи кои се јавија во периодот пред натпреварот и направивме одлична тактика.

    Има ли услови за развој на стрелаштво, а меѓу спортистите има ли потенцијал кој треба да се развива?

    Спортистите се како ѕвезди. Тие ќе блеснат на небото и тој блесок трае одредено време. Треба да се искористи блесокот и моментот, спортот да се промовира, да се промовираат проблемите. Успехот на Оливер и направи радост на нацијата во овие бурни тешки времиња. Институциите на државата покажаа смелост, желба да корегираат одредени работи. Мислам дека пред се Оливера ќе добие стрелиште. Градоначалникот на Битола и Премиерот ветија дека ќе се заложат Оливера да добие стрелиште на кое ќе може да тренира за параолимписки и олимписки игри можеби за 2016 година. Таа по себе ќе повлече безрезервно уште многу дечиња кои ќе сакаат да спортуваат. Ветија од Владата и Агенцијата за млади и спорт дека од наредната година во повеќе градови ќе се изградат стрелишта. Мое размислување е дека ако во повеќе центри егзистираат стрелишта, ќе имаме поголем избор на кандидати за состав на репрезентација. Вие не можете да очекувате ако имате три стрелишта и два натпревари годишно дека ќе изнајдете којзнае каков квалитет.

    Медиумски дали ви беше посветено доволно внимание? Се испромовира ли Македонија преку овој спортски успех?

    Бевме доста интересни за новинарите, особено откако беше постигнат тој успех , Оливера даде неколку интервјуа за локални телевизии во Велика Британија. На самиот сајт на Параолимпискиот комитет, имаше сторија за Бикова, објавени се слики од интонација на химната. Ние дадовме максимум , и медумите тоа го одбележаа. Медиумите уште во првиот момент, додека траеше преносот, почнаа да праќаат пораки, да ѕвонат на нашите телефони. Кога дефинитивно златото беше освоено, добивме многу честитки од институциите, претседателот на државата Иванов, премиерот, министрите и други.

    Што е следното што ве очекува? Ќе се подготвувате ли за натпревари?

    Оливера сега ќе ужива во плодовите на својата работа и во моментите на славата. На фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола, Оливера доби овации, и беше главна атракција покрај актерката Кетрин Денев. Од октомври планираме сериозно да се договориме што понатаму. Се надевам дека соработката ќе остане меѓу мене и Оливера и во наредниот олимписки циклус. Оливера има голема желба за работа и сите елементи потребни за да се гарантира некаков успех, но останува само макотрпна работа.