×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Студентите бараат вештини, а не сувопарна теорија

    20.06.2012 22:00 | KumanovoNews

    Еуро Колеџ со веќе шест генерации на дипломирани студенти, од кои повеќето се на водечки функции  во банките и телекомуникациските компании продолжува и понатаму да ги следи трендовите и потребите на пазарот. Главна цел на институцијата е да создаде кадар кој ќе може да одговори на потребите на бизнис заедницата, кадар кој ќе може да работи квалитетно во и надвор од Македонија.

    Студентите бараат вештини, а не сувопарна теорија

    Љубиша Петрушевски, декан на Еуро Колеџ, вели декa во јавноста се создава лажна слика и се зборува дека приватните факултети создаваат вишок на кадри. Петрушевски објаснува дека се случува токму спротивното, бидејќи приватните универзитети заедно имаат околу 5.000 студенти, а на државните факултети има 60.000 студенти.

    Во пресрет на уписите , какви услови Еуро Колеџ може да им понуди на матурантите ?

    Еуро Колеџ претставува бизнис училиште кое секоја година запишува около сто студенти. Студентитет треба да имаат пред се завршена државна матура која сега е во тек. По завршувањето на државната матура тие можат да конкурираат на конкурсот за упис кој е отворен. За сите веќе заинтересирани би ги советувал да се пријават навреме  бидејќи само 30% од студентите кај нас се редовни, а 70% се вонредни и квотата многу бргу се пополнува. Сите запишани студенти во Еуро Колеџ имаат единствена можност да ги научат бизнис вештините пред се од професори кои што се освен доктори на наука поседуваат големо искуство во употреба на бизнис вештини. Сите професори се тука за да му овозможат на студентот квалитетна примена на знаењето и успешен влез во светот на деловното работење. За оние 70 % вонредни студенти  кои ги сочинуваат луѓе кои работат во кумановски компании,   студенти кои се од другите делови на Македонија, луѓе кои се на привремена работа во странство, највеќе во Авганистан  Еуро Колеџ им обезбедува единствена можност преку системот на интарнет да можат поеднакво да дојдат до остварување на своите цели во образованието и  да ги полагаат соодветно испитите без разлика на далечината. Ние запишуваме широк спектар на студенти и се трудиме да им одговориме на нивните потреби. Имаме и студенти  кои студираат кај нашите партнери во Дубаи и во Виетнам. Да не заборавиме дека има студенти кои студираат за американска диплома, а не влегуваат во квотите. Одреден процент на студенти преку нас како американска филијала сакаат да добијат американска диплома за да работат со Американците во Дубаи, Авганистан или да се преселат во Америка. Веќе имаме генерации на кумановци кои со помош на Еуро Колеџ добиле диплома со која работат на успешни работни позиции во Хаваи, Велика Британија, Америка  или Австралија.

    Кои се предностите на приватните универзитети во однос на државните?

    Приватните универзитети на прво место ги  ставаат потребите на клиентот. Во однос на државните се внимава постојано на унапредување на студентот во однос на знаењето и на практичната настава. Еуро Колеџ од самиот почеток е пазарно орентиран. Постојано стапуваме  во контакти со други универзитети во светот за да им овозможиме на нашите студенти поголемо искуство и соработка.  Преку  кредит трансфер системот им овозможуваме на студентите да го надополнат своето образование или да направат трансфер од универзитетите шво Штип, Тетово, Битола, или од некој друг приватен универзитет.

    Физичкото присуство не е задолжително и сте фокусирани на студирање на далечина. За студентите ова е олеснителна околност. Како тече работата?

    Студирањето на далечина се одвива преку интранет системот каде  студентите со лозинка и корисничко име можат да влезат во нашиот систем од било кој дел на светот. Таму се наоѓа  се што за нив е важно, целокупниот академски календар , сите предавања, рокови за пријавување на испити, испитни сесии и  формулари. Меѓу другото  таму можат да ги видат и испитни прашања и одговори од претходната сесија, што значи дека нашиот начин на работа е исклучително транспарентен. Ваквата транспарентност му овозможува на студентот поефикасно да го совлада прилагодениот материјал. Знаете дека со кредит трансфер системот усменото полагање е напуштено, и сите испити се полагаат писмено. Неговиот испит може да го положи со доаѓање овде, ако е присутен во Куманово или преку семинарски труд или студија на случај каде професорот му дава инструкции како и во кој рок треба тоа да се напише.

    Побројни се младите или повозрасните студенти кои сакаат да се дообразуваат?

     Факт е дека приватното образование им дава големи шанси на возрасните студенти. Имаме студенти со возраст  од 18 до 70 години. Повозрасни луѓе не се одлучуваат да одат на државни универзитети бидејќи на времето таму имале непријатни искуства.Се  трудиме нивното студирање да биде квалитетно, достапно и брзо и наместо да губат драгоцено време и пари, ние им го олеснуваме студирањето. Веќе десет години Еуро Колеџ работи  по примерот на врвни британски и американски образовни институции. Студентите се стекнуваат со  вештини и  нивна примена а не учат сувопарна теорија без практична примена. Енциклопедиското образование е минато.  Во иднина ќе воведеме систем на видео коференција која ќе ни овозможи да имаме предавања со студенти од различни краеви на светот кои сите ќе добиваат македонска диплома. Глобалното образование ќе ги брише просторните и временските разлики. Родителите немаат интерес да даваат пари за да нивите деца  седат по интернати и да студираат некое статично образование каде ќе им поминуваат само годините. Економијата бара ефикасност.