×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово времето застанало, дури и на градскиот часовник

    12.02.2014 23:00 | KumanovoNews

    Интервју Оливера Доцевска, поетеса

    Во Куманово времето застанало, дури и на градскиот часовник

    1. Што не ви се допаѓа во Куманово?

    Запуштеноста на Спомен костурницата. Таму се распаѓаат скалите, куќичката за чуварите, игралиштето за деца и се останато. Валканата околина и запуштените чешми на минералната вода во Кумановска бања, која е со квалитет на Карловачки вари. Потоа не ми се допаѓа загаденоста на водата во реката и долниот дел на Кејот кој се распаѓа. Неасфалтираните улиците во населбата „Перо Чичо„. Ѓубрето во Средорек и на влезот во населбата Перо Чичо, како и во останатите населби. Олимпискиот отворен базен и хотел Ку-ба пропаѓаат, исто како и фабриките кои некогаш беа гиганти. Револтот на стечајните работници, сиромаштијата, дрога, корупција, мито, криминал.  Јавно веце не постои во градот. Претерано кружење по еднонасочните улици. Крстосниците се уредуваат со решенија кои се неиздржани и поради што постојано има сообраќајни несреќи.

    2. Што би смениле во градот?

    Кога би можела би се обидела да сменам се што предходно набројав. Пред се кружните токови во Проевце кои се со целосно безсмислени решенија, па така кај бензинска пумпа Проевце, жителите се отсечени од булеварот. Потоа контејнерите под итно да се тргнат од пред зградите и да се стават на погодни места каде никој не ги гледа.

    3. Каде ќе прошетате гостин кој првпат доаѓа во градот?

    Никаде. Со оглед на гореспоменатото, останува само центарот на градот на  Градскиот плоштад. Таму пак, обележја се пијаницата Батко Ѓорѓија (секоја чест на споменикот но сепак ликот е пијаница и ненаситник) и бандерите. Базените и фонтаните на самиот плоштад, исто така сосема се запуштени. Остануваат само трите кафеани и слаткарници. Се останато е максимално запуштено.

    4. Што не би покажале на пријател кој првпат доаѓа во Куманово?

    Нема што да се покаже.

    5. По што Куманово е посебно и се разликува од другите градови?

    Куманово е прекрасно. И многу го сакам. Но, за разлика од европските градови се разликува по претходното споменато. Целосна запуштеност, корупција, криминал, дрога, загаденост, партизираност итн. Во Куманово времето застанало. Тоа го покажува и часовникот на паркингот до Културен дом, каде што сите се чекаат, а тој не работи.