×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    АМАН ТЕ БРЕ АРАМИИ !

    Столе Божиновски

    Прво што си помислуваш е дека најголем дел од планираните работи за тој ден се отидени по ѓаволите. Потоа се фаќаш за кесето и пресметуваш дека треба да го олесниш за околу три илјадарки колку што чини еден акумулатор. Оди, пријави во полицијата - ти советува првиот кому што си му раскажал што те нашло и ти раскажува свој случај, како за утеха: си го паркирал тој својот џип на улица и си тргнал да си брка работи по градот. Свршил работа и по два часа се вратил кај автомобилот кога гледа - една од задните врати подотворена, поточно насилно отворена. Прво што направил, со мобилен повикал полиција и пријавил дека во една од фиоките напред имал чантичка на ќерката со илјада евра со кои утредента требало да замине на одмор. Во присуство на полицајците е констатирано дека чантичето  со парите  „испарило“. За моја утеха ама и за утеха на пријателов со чантичето со евра, трет наш заеднички пријател си плаче на своето дереџе: нему, додека бил на тридневен викенд со семејството, „непознати сторители“ му извршиле детален претрес на станот, се изнакитиле со златни прстени и синџирчиња и згора си понеле 900 евра што пријателот ги штедел да врати некаков долг. И, да не редиме натаму зашто штетата колку еден акумулатор ќе испадне ептем смешно мала. Ама секој си плаче на своите гробишта што би рекле старите. Кражбата на акумулаторот сепак е пријавена во полиција. Добар ден, сакам да пријавам кражба на акумулатор, му вели оштетениот на полицаецот на портирница. Оди на клупана, седи и чекај малку - му вели полицискиот портир. А можам ли да стојам - кротко прашува оштетениот што попицаецот го прима како заебанција па нервозно одвраќа: стој или седи, како сакаш, важно почекај малку. Оштетениот седнува на клупата, па станува, па пак седнува, па станува, странки доаѓаат, некои веднаш биваат услужени, некои се на „чекај малку“. Кога тоа „малку“ му  заличува на малку многу чекање за пријавување на една обична кражба, го прашува дежурниот на шалтерот уште колку остана од малкуто чекање. Дежжурниот се лути: аманте бре луѓе, стрпете се, ние за вас работиме. Да бе господине полицаец, за нас работите, ние плаќаме даноци, го полниме буџетот, вие земате плата и кога ќе дојдеме на шалтерот должни сте да не' услужите или да ни' кажете за колку минути, часови или денови ќе бидеме услужени. Еве, така пишува и на овој ферман што сте го закачиле на ѕидов: полицијата за својата работа е одговорна пред граѓаните! Криво-лево, истекува некако терминот на „почекај малку“ и оштетениот седнува пред службеникот за евидентирање на кражбата. Во записникот влегуваат сите лични податоци на странката. Оштетениот негодува, нема време за толку долга процедура, смета дека е доволно да му се запише предметот на кражбата, името и телефонскиот број во случај (камо чудо) арамијата да биде откриен и тој да биде повикан да му се врати акумулаторот. Му врие и сака да вреска: та колку пари само од кутрара меѓународна заедница поарчивме бре само за да ве едуцираме, да сватиме дека работните места ви се не во канцеларии туку на улица, пеш меѓу народот, ноќе покрај мојот автомобил. Нели странците ве едуцираа да се однесувате како позорникари, маалски полицајци, блиски со граѓаните. Деведесетидевет запирка девет насто од луѓето во било кое маало на прашањето го познавате ли вашиот реонски полицаец одговараат со Не! Туку, ај со здравје. А арамиите нека имаат малку усул, нека шетаат малку и не само од едни исти да крадат акумулатори.

    Столе Божиновски, Столе Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*