×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    До кога Куманово ќе гласа за скопски маргиналци?

    Столе Божиновски

    И тоа помина! Мислам на 5 јуни и изборите. Гласавме што гласавме и сега следува сумирање на резултатите и средување на впечатоците. Најнакрај - ладење на главите и враќање во реалноста. Исходот од седмите по ред парламентарни избори е општопознат. Еве неколку лични видувања за резултатите од големата сенародна трка наречена избори што се однесуваат главно за Куманово и главно за двајцата реални фаворита - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ:

    И двете партии тврдат дека се победници на изборите. Потписникот на овој текст си дава слобода да тврди, кога е во прашање Куманово, дека двете партии се губитници. Овој град, мој и ваш драги мои, две децении плурализам е бастион на СДСМ, а бога ми и на ВМРО-ДПМНЕ. Ама и изборна локомотива која влече товар само за сметките и целите на нивните централи во Скопје. Овојпат, на пример, изборните штабови и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ се отепаа од трчање за на крајот да се изборат само за по едно пратеничко место во Парламентот. Испадна дека добро одработија за скопските кандидати, меѓу кои и за Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Авдија Пепиќ, Самка Ибраимовски, Благоја Стојановски и Драгиша Милетиќ. Ова го велам со сиот респект кон политичкиот кредибилет и останатите квалитети на споменатите, сега веќе пратеници. А патем речено, повеќето од нив едвај ги видовме во Куманово во деновите пред изборите, кога беше најжешко, а камоли во наредните четири години.

    Инаку, неоти и господата Снежана Захариева и Мартин Костовски од СДСМ или Дарка Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, ако влезеа во Собранието како пратеници, што се вели душата во кошница ќе му ја понесеа на Куманово. А‘ биле двајца, а биле четири или петмина - исти миленко. Зборот ми е дветте главни партии на локално ниво да не дозволуваат Куманово да им биде само паричка за поткусурување на нивните централи со оглед на големината на Општината и бројноста на партиското членство. Да не аргатуваат за скопски кадарници од типот на споменатите и другите неспоменати. Арно ама, како нашиве да се договорат да не аргатуваат за евтина надница? Не знам, тоа си е нивна работа, но најскоро мораат да го кренат својот глас во име на своите партиски бази во своите партиски централи, ако им стиска? Се знае што ги чека со оглед на тоа дека внатрепартиската демократија во нашите султан-партии е мислена именка. Во нашите глави уште долго ќе остане на сила познатиот демократски централизам од времето на бившиот систем: дозволено е сопствено мислење, но само како мислење.

    Тука и таму низ куманововската партиска чаршија деновиве разменив мислења на оваа тема со пријатели и познаници од двете парти. Речиси да немаат спротивно мислење дека Куманово од избори до избори одработува за интересите на други општини и градови. Испаѓа дека благодарение на таканаречениот Дантонов изборен модел кумановскиот електорат излегува на избори да гласа и за некои маргиналци од скопските општини. До кога?!

    Столе Божиновски, Столе Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*