×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денот на македонската револуционерна борба

    Виктор Божиновски

    Еве, по некое чудо, мене ми се падна на денот на Македонската револуционерна борба да треба да ја напишам редовната колумна. Оние луѓе што добро ме познаваат, знаат дека никогаш не сум бил особен поборник овој ден да се слави како државен празник, дури редовно сум и пишувал статуси на Фејсбук во кои јавно сум го искажувал својот став дека не треба да му се дава статус на државен празник. Меѓутоа, она што не е спорно секако е фактот дека на овој ден е основана Македонската револуционерна организација, која, покрај начинот на кој дејствувала со кој лично не се согласувам, сепак, во својата суштина, ја имала својата најблогородна цел а тоа е создавање на слободна и независна македонска држава. Оттаму, токму на овој ден, мора, не заради друго, туку “лажните патриоти“ нешто да научат, да им се даде мала лекција од историјата.
        
    Имено, на 23 октомври 1893 година, во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов, тој и Даме Груев, Христо Татарчев, Петар Поп-Арсов, Андон Димитров и Христо Батанџиев ја основале Македонската Револуционерна Организација која постоела се до 1908 година, а чија основна цел била по пат на вооружена борба да се извојува политичка автономија на Македонија и Одринско како и создавање на македонска држава. Идеали, кои во тоа време можеби звучеле неверојатно со оглед на фактот што овие луѓе и нивните соработници имале за цел да се совлада Отоманската империја, што било прилично невозможна цел во тоа време, особено поставена од мала група на луѓе и од мала територија каква во тоа време била Македонија.
        
    Меѓутоа, организацијата многу бргу дава резултати, особено во однос на приклучувањето на значајни личности кон истата, особено приклучувањето на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев и други значајни револуционерни ликови од тој период.
        
    Во весникот “ПРАВО“ биле истакнати и целите на организацијата во кој се наведува дека “Внатрешната револуционерна организација ќе му објасни на секого дека работи за независноста и единството на Македонија како слободна држава на Балканот. Организацијата ќе даде докази дека не работи за ниедна друга држава туку само ја претставува борбата за македонска независност и слобода и дека македонскиот народ е способен да се самоуправува.“
        
    Следната година, на 15 август 1894 година, на празникот Голема Богородица, било одржано и Ресенското советување на кое биле донесени 4 важни одлуки, и тоа територијата на Македонија да се подели на револуционерни региони на чело со авторитетни лица од организацијата, материјалните средства да не се собираат само од членовите туку и од симпатизерите на делото, во црковно-просветните институции да се постават што е можно повеќе симпатизери на делото и да се засили пропагандата со издавање на весници и ширење на револуционерната литература.

    На 5 односно 12 јануари 1896 година се одржува Солунскиот конгрес со учество на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Друев и останато дејци на македонската револуционерна борба на кој е усвоена нова потитичка тактика и стратегија како и нова поделба и организација, а дошло и до промена на името на организацијата во Тајна македонско-одринска револуционерна организација, додека пак, на Солунскиот конгрес од 1903 година било донесено решение за кревање на вооружено востание, меѓутоа на овој конгрес не присуствувале Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Ѓорче Петров и други од највидните членови на организацијата, па оттаму и денес останува непознат одговорот дали овие највидни ликови од македонската револуционерна борба всушност биле за донесување на вакво решение, и кој стои зад нивните егзекуции.
        
    Она што понатаму следува веќе е добро познато од книгите по историја. Имено, по Илинденското востание силно се манифестирале внатрешните поделби. На Општиот рилски конрес (во почетокот на 1905) само привремено било воспоставено единството на Организацијата, а Конгресот бил отфлен квалификативот тајна од името и Организацијата продолжила да дејствува под името: Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО).

    Внатрешните поделби и групирања во спротивставени струи: конзервативна и реформската струја се заостриле до степен на меѓусебни оружени пресметки. Така дошло до дефинитивен Расцеп на Македонската револуционерна организација во 1908 година. По Младотурската револуција и по воспоставувањето на парламентарното уредување Организацијата престанала да постои. Двете струи формирале политички партии: Сандански со Димитар Влахов Народна федеративна партија, а дел од дејците на конзервативната струја ги формирале Бугарски конституциони клубови, кои и ден денес имаат влијание во современа Македонија.
        
    Сосема на крајот, за жал, на овие простори единствен наследник на некој од основачите на Македонската Револуционерна Организација е поранешниот пратеник, кандидат за градоначалник на Куманово и амбасадор во Советот на Европа Петар Поп-Арсов, кој за жал, е целосно отстранет од било какво влијание во неговата матична ДПМНЕ, а е единствениот човек кој од преданија на своите предци би можел да ја раскаже вистината за она што навистина се случувало со организацијата.
        
    За жал, ВМРО-ДПМНЕ денес, воопшто во ништо не наликува на гордото име што го носи. Замислете, нивните советници не сакаат да им дадат ни по 3000 денари на првачињата завчера, а денес се удираат во гради со гордото име на ВМРО. Жално, другарице и другови.



    Виктор Божиновски адвокат

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*