×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Договор без име

    Дејан Ристов

         Политичката криза влезе во нова фаза со  новиот договор. На 20-ти јули инволвираните во преговорите, пред се претставниците на САД и Европската унија,како главни посредници,објавија дека нов договор е постигнат ,договор со цел надминување на кризата која треба да заврши со закажани предвремени парламентарни избори.Со големо задоволство беше истакнато дека со најновиот договор ќе отпочне процесот за нормализирање на политичката состојба.Она што првично може да се забележи ,покрај многуте контроверзи во самите догворени работи е и тоа што догворот нема име.

    Очигледно после фијаското со пржинскиот договор ,во овој договор некако повнимателно се влегува,со извесна резерва за неговото спроведување.Дали е изоставено именувањето за да може полесно да се заборави,а по неговото неговото нереализирање  да може да преминеме кон некоја нова рунда на преговори и така се бесконечно? Ако се земе во предвид однесувањето на СДСМ последниве две години откако почна кризата, може да се заклучи дека и овој нивен потпис би можело да претставува само купување на време ,надевајќи се дека во меѓувреме ќе започне судски процес за Никола Груевски а со тоа и ќе се отвори шасна за доаѓање на власт.Точките кои беа договорени со овој безимен договор од 20-ти јули, всушност покажуваат дека оспорувањата на релевантноста на избирачкиот список, залагањето за медиумските реформи и повиците за департизацијата на администрацијата претставуваа   обична демагошка алатка на СДСМ со цел да се  изборат за позиција во која ВМРО-ДПМНЕ би било целосно или пак доволно за победа на СДСМ,исфрлено од политичката сцена.Ваквиот пристап освен што е штетен за сите партии,штетен  е и за државата односно за легитимноста на институциите, кон кои перцепцијата е драстично сменета на полошо.Ваквото девалвирање на целокупниот поредок ќе остави долготрајни последици за  Македонија ,за нејзините позиции во регионот  и пошироко и за нејзините изгледи за долгорочно опстојување и развој.Последниве месеци имаше толку многу удари по државата што прашање е до кога ќе може да се издржи вака.Во последниот договор,во делот за медиумските реформи, се наметна формирање на ad hoc тело од преставници на четирите политички партии и плус уште еден член, кои заедно ќе го изберат а кој ќе биде експерт за медиуми.Телото последниве 100 дена пред избори ќе има за задача да врши надзор на работата на медиумите ,да следи дали се почитува правилото за балансирано информирање и соодветно на тоа да изрекува предупредувања а потоа и санкции кон медиумите кои не се придржуваат на правилата.Со ова наместо реформи во медиумската сфера се воведува класична партиска контрола на медиумите,чија слобода ќе зависи од светогледот на четири политички партии ,меѓу кои и СДСМ,за која се знае што вистински подразбира под слобода на медиуми.Врв на лицемерите претставува и точката која предвидува 100 дена пред изборите, СДСМ да назначи главен уредник на МРТВ.

           Околу избирачкиот список,договореното покажува дека камппањата на СДСМ за фантомските гласачи доживеа тотално фијаско, а во врска со департизацијата се виде убаво и  во претходната техничка Влада каде министерот за внатрешни работи генерален секретар  СДСМ,како за краток период донесе стотици решенија за смени на позиции во министрерството,при што партиските кадри на партијата беа унапредени дури и за неколку скалила во институцијата.Како и да е ,иако со голема резерва примен од јавноста сепак постои извесна надеж дека конечно од овој договор ќе произлезе искрен пристап на опозицијата да излезе на избори, кои доколку сите се согласат би требало да се одржат на 11-ти декември.Ако се земе во предвид колку стана антагонизирана политичката средина ,нормализација  е повеќе од  неопходна, за да може акумулираната  омраза и гнев да бидат во добар дел неутрализирани преку една општо прифатена законска процедура поткрепена со добра волја од страна на политичките фактори.Потоа ќе следи еден период на демистификација на опозициските наративи,за кои се појасно станува дека беа обични пропагандни памфлети,со кои се манипулираа  граѓаните и нивната искрена желба за промени.

    Дејан Ристов Дејан Ристов, политиколог

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*