×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горчлива родендеска торта

    Филип Јаневиќ

    Последната колумна за КумановоЊуз ја имав непосредно по донесената одлука на Иванов за аболиција, и тогаш го напишав следново: „Не знам колку запалените вмровчиња по месните штабови сфаќаат ама џокерот позови претседника отиде јабана со печат "Трајно Неупотреблив". Прво, преку Иванов ќе мора да ги повлече решенијата за аболиција. Тоа јавно посипување со фекалии ќе биде оставено за Иванов овие денови."  И би така. Жан-Жак Русо таквата состојба многу убаво ја дефинира во неговиот  "Општествен договор" -"Во една добро водена држава има малку казнувања, не затоа што има чести помилувања, туку затоа што криминалците се ретки, кога државата е во распад тoгаш мноштвото криминалци имаат гаранција дека ќе поминат неказенто."

    Впрочем, да се потсетиме на една помалку заборавена работа. Во 2006 година екипата на Груевски дојде со ветување наречено Преродба. Идејата беше Македонија изморена од криминалната приватизација во 90тите и етничкиот конфликт во 2001 да влезе во еден би рекол досаден период во смисла на предвидлив правен систем, стабилен политички систем, солидна економија или сите оние работи што значан мирен и достоинствен живот на секој граѓанин. По 10 години вмровска чизма, ниту Македонија ниту ДПМНЕ е преродена, напротив. Погледнете, ниту еден од олигарсите блиски на СДСМ во 90тите не заврши во затвор. ДПМНЕ сите нив ги прибра крај себе. Пастирот по 10 години на власт е сосема оделен од реалноста, па кога не е зафатен со гатачки, нарачува слики од 32 квадрати, кога човек на 30 години со просечна македонска плата не може да си дозволи да купи стан од 30 квадратни метри.

    Недостатокот на легитимност меѓу популацијата како целина не навестува криза на легитимноста на самиот режим а посебно не на тие кои имаат монопол врз насилничката власт, како на пример владејачката партија, вооружените сили и полицијата. Кога зборуваме за криза на легитимноста во еден авторитарен систем ние зборуваме за криза во оние чија сплотеност е од суштинско значење за ефикасно функционирење на режимот. (Ф.Фукујама) Во таа насока оставката на кумот и благајникот Ставревски е од значење затоа што луѓето кои требаше да ја донесат "Преродбата" во Македонија веќе се со завршени политички кариери, кои времето во цивилка ќе го поминат по судските ходници, а некои од нив и во КП домовите. Јанкуловска, Јанакиевски, Мијалков заедно со Ставревски беа најистурени извршители на тој тим на ДПМНЕ, и сега кога сите тие политички делигимитирани, не може Груевски да има политички легитимитет стекнат на фалсификувани избори. Членовите на ДПМНЕ треба да разберат дека нема начин оваа криза да заврши поинаку освен со правна процесуирање на нивната врхушка и трајно заминување на Груевски од политиката. Тодоров и Поповски можат да се местат за наследници на Никола(е), ама тоа е за некоја наредна анализа,инаку веќе пишував дека во тоа некое реформирано ДПМНЕ ќе нема место за ВМРО во името на партијата.

    Горчлива е таа торта од роденденот на ДПМНЕ, кој повеќе наликуваше на панихида за партијата чиј лидер е спремен да ја жртвува и партијата и државата само да спаси жива глава. А обрачот, иако полека, секој ден се повеќе се стега.

    Филип Јаневиќ Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*