×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кратка теорија за пропаста

    Филип Јаневиќ

    Велигденскиот остров или меѓу староседелците познат како Рапа Нуи е фасцинантен пример во човековата историја за општество кое преминало кон самоуништување трошејќи ги сопствените ресурси. Самиот остров е едно од географски најизолираните места во светот. Се наоѓа во Тихиот океан, дури 2000 километри одалечен од најблискиот населен остров и 3500 километри одалечен од Јужна Америка. Островот денеска е светска туристичка атракција, најпознат по големите камени статуи со долго издолжено лице наречени Моаи. Некои од камените статуи тежат и по 80 тони и се високи од 1 до 10 метри. Токму овие светски познати статуи кои денеска носат голем број туристи, а со тоа и пари, имаат сопствена крвава историја. Специфичното име островот го добива бидејќи на ден Велигден 1722, холаднски морепловци стапнуваат на него.

    Во својата книга Колапс од 2007 Џаред Дајмонд објаснува дека со населувањето на првите жители почнала сеча на дрвјата кои ги користеле за огрев, правење кануа како и за обработка на земјата. Заради изолираноста на островот т.е неговата местоположба на ладно и суво место како и немањето земјина прашина кои ја носи ветрот, потребна за побогат принос, земјишната ерозија постојано се зголемувала, и со тоа земјоделските приноси биле се помали, а нови дрвја потребни за кануа и огрев не никнувале. Тука некаде Дајмонд смета дека се појавуваат огромните камени статуи Моаи. Така осиромашени со ресурси соперничките поглавари на островот, не можејќи да им обезбедат храна на своите жители, почнуваат да се натпреваруваат во градење на што поголеми статуи кои ги сметале за свои престижни симболи. На така изолиран остров поглаварите едноставно немале друг начин на покажување на сопствената моќ. По извесно време поради исцрпените ресурси и недостаток на храна, започнува крвава граѓанска војна меѓу спротивставените страни со силни елементи на канибализам. Жителите почнале да ги рушат киповите и ниту една статуа на островот не останала исправено.

    За земја како Македонија историјата на Рапа Нуи или Велигденскиот остров треба да биде задолжително четиво. Во земја со скромни ресурси на секаков план, човечки, економски, технолошки, природни, во земја со месечна плата од 300 евра која европски државјанин ја троши на првиот слободен викенд до 12 попладне, што друго им останува на нашите поглавари Ахмети и Груевски освен подигање на свои Моаи со цел судир на наши наспроти ваши, на народ против народ. Откако на поглаварите не им запали филмот граѓаните да се испотепаат по верска линија за крстови и орли сега е на ред партиската линија на поделеност на која најпосветено работеа изминатите 10 години. Таквото сценарио треба да започне денеска со контрапротести во речиси исто време пред Уставниот Суд, за почеток за подигање на адреналинот кај публиката. Во колумна за kunews од 02.11.2015 напишав "Во политиката има едно важно правило и тоа гласи: Ако имаш проблем и не можеш да го решиш, тогаш не ти е потребно решение, туку поголем проблем". Граѓански судир е ПОГОЛЕМ проблем.

    Не се залажувајте, влегуваме во деликатна фаза од падот на диктатурата. Знаејќи дека наредните избори се живот или смрт за мафијашко-тендерската банда она од што најмногу се плашат е предизборна македонско-албанска коалиција. На тој начин така здружени опозициските партии би имале многу повеќе од потребните 62 пратеника за формирање Влада. Дополнително со формирање на десничарски блок од Достоинство, партијата на Љубе, Фродем и сл, ДПМНЕ дополнително ќе колабира. Знаејќи дека во таа ситуација ги чека шах-мат, даваат се од себе да ја превртат наопаку целата табла. Вработените по јавната администрација се планирани за во првите редови како топовско месо.

    Жителите на Велигденскиот остров кој има само 164 км²  успеале да направат нешто над 800 камени статуи. Ние имаме споменици пола од таа бројка и тоа само на еден километар квадратен.

    Филип Јаневиќ Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*